Компании
ИутеКредит и Ерор Колектив организираат конкурс за дизајн на урбана опрема

Во текот на месец декември, Ерор Колектив и ИутеКредит организираат конкурс за изработка на идејно архитектонско решение за елементи од урбана опрема која ќе биде поставена во близина на седумте локации на експозитурите на ИутеКредит низ Македонија, односно во Скопје, Битола, Куманово, Тетово, Штип и Струмица.
Учесниците на конкурсот треба да дадат идејно архитектонско решение за скулптура/урбана опрема која ќе биде поставена пред или во близина на експозитурите и ќе биде инспирирана од логото на ИутеКредит. На конкурсот може да учествуваат сите правни лица регистрирани за вршење на дејност во областа на архитектурата и урбанизмот, како и физички лица дипломирани инженери архитекти и студенти по архитектура / дизајн на ентериер и мебел / уметници и сите оние кои имаат некаква инспирација на темата.
За учесниците во конкурсот достапни ќе бидат и двајца архитекти за консултации и насоки околу изработката на проектите.
Најдобрите проекти, избрани по систем на јавно гласање на социјалните мрежи ќе добијат парични награди и тоа:
• Прва награда во износ од 500еур во денарска противвредност
• Втора награда во износ од 300еур во денарска противвредност
• Трета награда во износ од 100еур во денарска противвредност
Конурсот ќе биде активен до 28.12.2021, а сите детали за истиот може да се најдат на https://iutecredit.mk/errorkolektiv/.
Со овој конкурс, ИутеКредит Македонија сака да даде поддршка за развивање на креативната мисла и работење и да ги поддржи сите млади архитекти и здруженија во нивните проектни активности. За следната година, планирано е продолжување на овој проект преку неколку настани како и реализација на избраните решенија.
Компании
Оглас за вработување на Директор на сектор деловна мрежа во Штедилница Можности

Штедилница Можности, регулирана финансиска институција со лиценца од Народна банка на РС Македонија, објавува повик за пријавување на квалификувани и мотивирани кандидати за позиција (more…)
Компании
Македонскиот процесор КАСИС станува дел и од UNION PAY International

Единствениот македонски процесор КАСИС АД Скопје сертифициран од страна на меѓународните мрежи Mastercard/Visa/Diners International ја заoкружи 2022 година со одобрена апликација од најголемата кинеска картична шема UNION PAY International или т.н China UnionPay која има над 7 милијарди издадени платежни картички. (more…)
- Анализипред 2 days
ТЕШКА ГОДИНА – РЕКОРДНИ ПРОФИТИ: Трите најголеми македонски банки со добивка од 117 милиони евра во 2022 година
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Депозитипред 1 month
Халкбанк АД Скопје ги зголеми каматните стапки за физички лица на сите депозитни производи
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во ТТК Банка АД Скопје
- Интервјуапред 2 weeks
Очекувања 2023 година | МИЛКА ТОДОРОВА, УНИБанка АД СКОПЈЕ
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје
- Домашни банкипред 4 weeks
Комерцијална банка воведе услуга за електронска идентификација на клиенти без посета на шалтер