Connect with us

Компании

ИТ компанија без шефови, возможно ли е?

Објавено

на

Во компанијата Tele Haase од Виена шефовите си ги „укинаа“ своите работни места и управувањето им го препуштија на вработените.

Компанијата постои од 1963 година и се занимава со електроника на системи за заштита и надзор. Целата структура на компанијата се променила пред пет години кога биле отстранети сите облици на хиерархиска поставеност на вработените, се укинале одредени сектори, а одговорноста била пренесена од менаџерско ниво на сите 75 вработени. Без оглед дали некој е практикант или вработен во фирмата, сите носат одлуки.

Компанијата се води според девизата „секој што работи со уживање, добро ја работи својата работа“. Засега, новиот концепт на работење се покажал како исклучително успешен. „Концерни како Фолксваген, банки и разни осигурителни куќи ни доаѓаат во посета да видат како може да се работи на поинаков начин“, велат од компанијата.

Маркус Стелцман  веќе не се нарекува директор туку себеси се смета за „режисер“ во новонастанатата поделба. За економското списание „ЕКО“ тој изјави: „Основата на нашиот успех е внатрешната транспарентност. Сите бројки што ги остварува компанијата им се достапни на сите вработени“.

Компании

„Алибаба“ го заобиколува Балканот, отвора логистички центар во Белгија

Објавено

на

Кинескиот гигант за е-трговија „Алибаба“ ќе отвори логистички центар во Белгија, со што е очевидна намерата да го заобиколи Балканот. Центарот ќе се наоѓа во белгискиот град Лиеж, на тромеѓето на границата со Германија и Луксембург, а во близина е и Брисел. Тоа е петти лигистички центар на таа компанија во светот. Во Европа веќе има во Франкфурт. (more…)

Продолжи со читање

Компании

Џеф Безос: Амазон ќе пропадне и ќе банкротира

Објавено

на

Амазон еден ден ќе пропадне и ќе банкротира, изјави нејзиниот основач Џеф Безос, одговарајќи на прашање за иднината на компанијата на неодамна одржаниот состанок со работниците. (more…)

Продолжи со читање

Компании

„Икеа“ се вклучува во борбата против загадувањето на воздухот

Објавено

на

Шведскиот ланец на продавници за мебел, „Икеа“, ќе почне со производство на продукти од земјоделски отпад во обид да им помогне на жителите на најзагадените градови во светот полесно да дишат. (more…)

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange