Останато
Итно да се превземат чекори за справување со енергетската криза


Стопанството две години се соочува со многубројните предизвици кои произлегоа од здравствено-економската криза, а кои бараат голема ангажираност за одржување на деловната активност на претпријатијата. На овие околности се надоврзува енергетска криза, проследена со пораст на цените на енергенсите, општ пораст на цените и висока стапка на инфлацијата.
Енергетска криза е нов предизвик за претпријатијата, бидејќи ја нарушува нивната ликвидност, профитабилност и ја намалува нивната конкурентност. Во услови кога со години нема сериозни инвестиции во енергетскиот сектор кои ќе ја обезбедат неговата стабилност неопходно е надлежните институции да ги превземат сите мерки со цел успешно справување со состојбите од енергетската криза.
Последиците кои ги чувствуваат претпријатијата од економската криза се силно изразени, а владата треба преку брзи и ефективни мерки да обезбеди итна поддршка за домаќинствата и претпријатијата, како и таргетирани даночни олеснувања. Преку координирана акција и пакет мерки ќе се ублажи непосредното негативно влијание од зголемувањето на цените и дополнително ќе се зголеми отпорноста од идните ценовни шокови.
Во оваа насока, потребна е интервенција кај акцизите, ДДВ и дополнителните надоместоци кои дополнително ја зголемуваат цената на горивата, а кои претставуваат околу 46% од малопродажната цена се давачки кон државата (согласно композицијаата на цената на горивата објавена ва одлуките на РКЕ). Со ова ќе се неутрализира негативното влијание што го имаат зголемените цени на горивата врз целокупното поскапување, особено бидејќи предизвикува проблеми со ликвидноста на компаниите и граѓаните и ја намалува општата куповна моќ, негативно влијаејќи и на агрегатната потрошувачка.
Недостигот од електрична енергија може да се намали со системски мерки и поттикнување инвестиции во енергетскиот сектор. Нашата земја има природни ресурси, сончевата енергија кои може да се стави во функција на дополнително обезбедување електрична енергија. За таа цел треба да се олеснат процедурите за добивање на дозволи за соларни панели кои се поставуваат на покривите на индустриските објекти како и за соларни електрани. Проектитe од ваков тип треба да имаат поедноставени постапки, да бидат поддржани со цел компаниите да бидат мотивирани да превземат ваков тип на инвестиции. Во сегашната состојба дестимулативно е што нема сеопфатна директна поддршка за енергетски ефикасни технологии, а често компаниите што инвестираат во обновливи извори на енергија се елиминирани од финансиска поддршка според Законот за финансиска поддршка на инвестициите, бидејќи се принудени да поседуваат лиценци за секоја соларна електрана, а секоја компанија која поседува лиценца не може да користи финансиска поддршка согласно Законот. Во таа насока потребна е измена на Законот за финансиска поддршка на инвестициите со цел да бидат опфатени и инвестициите во обновливи извори на енергија.
На овој начин недостигот на електрична енергија ќе се намали, ќе се намалат производните трошоци на претпријатијата и ќе креираат дополнителни работни места.
Долгорочно треба да се нагласи и големото значење за обезбедување на економски суверенитет на земјата кој вклучува постигнување одржливост од аспект на оптимално производство на храна и енергија, како и од аспект на користењето на природните ресурси.
Останато
Растат онлајн купувањата од странство кон домашните е-трговци!


Асоцијацијата за е-трговија на Македонија – АЕТМ ги анализираше објавените податоци од Народната Банка на Република Северна Мкаедонија, кои се однесуваат на број и вредност на реализирани е-трансакции со странски платежни картички кон домашни е-трговци со цел да даде слика каде најчесто имателите на картички од странство купувале онлајн во Македонија во текот на 2021 година. (more…)
Останато
Бесими: Ребаланс за заздравување на економијата и поддршка на граѓаните и стопанството


Нови дополнителни 76 милиони евра за мерки за заштита на стандарот на граѓаните и поддршка на стопанството се обезбедуваат со ребалансот на Буџетот, како средства за заштита или резерва и во случај на потреба ќе влезат во нов пакет мерки. Се обезбедуваат и дополнителни 52 милиони евра за субвенции за земјоделците, информираше денеска министерот за финансии Фатмир Бесими. (more…)
Останато
ММФ: Украина може да ја избегне хиперинфлацијата, најважен е тајмингот на помошта


Директорката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристалина Георгиева, денеска изјави дека „станува пооптимистична” дека договорот меѓу седумте најголеми светски економии од Г7 за обезбедување нови буџетски средства за Украина ќе и помогне на земјата да избегне хиперинфлација. (more…)
- Кредитипред 2 months
Брз онлајн кредит – за пролетно чистење сметки
- Анализипред 2 months
Кои се петте најпрофитабилни македонски компании во 2021 година!?
- Кредитипред 3 weeks
Брзо и евтино решение за вашите финансиски потреби
- Домашни банкипред 2 months
Промени во Управниот одбор на Шпаркасе Банка АД Скопје
- Домашни банкипред 4 weeks
Комерцијална банка денес започнува со исплата на дивиденда за 2021 година, кој ќе се „офајди” најмногу!?
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје