Останато
Итно да се обезбеди финансиска поддршка за претпријатијата

Претседателот на Сојузот на стопански комори на Македонија, Данела Арсовска оствари официјална работна средба со министерот за економија, Крешник Бектеши. Во фокус на средбата беа економските мерки најпогодените сектори кои се надлежност на Министерството за економија, туризмот, угостителството и со него поврзаните дејности, како и потребата од итна директна финансиска поддршка.
Арсовска, истакна дека без да се помогне веднаш особено на оние кои се принудно затворени, но и оние дејности кои поради природата на нивната работа немаат никакви приходи и нарушена ликвидност, падот на економијата ќе продолжи, ќе има дисторзија на пазарот на труд, трајно губење работни места и поради кризата замирање на претпријатија кои со години опстојувале на пазарот.
„Стопанството се соочува со нарушена ликвидност, а за неговата лошата кондиција доказ е и регистрираниот пад на БДП во вториот квартал. Очекуваме интервенто да се делува со директна финансиска поддршка за најпогодените сектори за да се ублажат ефектите од пандемијата колку што е можно повеќе бидејќи има дејности кои се пред пропаѓање. Кризата во континуитет трае повеќе од шест месеци, постојат дејности кои се уште се принудно затворени од Владата за што е неопходно што поскоро по примерот на земјите од регионот и светот да се креираат прецизни протоколи за работа за остварување на дејноста, но и здравствена превенција и да им се овозможи да функционираат. Министерството за економија во рамки на своите надлежности преку директно грантирање може да ги помогне оние кои се најпогодени, кои се принудно затворени и тонат, не по своја вина. Претприемачите се најпогодени од кризата, а имаат клучна улога во функционирањето на националната економија.
Дополнително во секторите туризам, енергетика, минерални суровини, индустриска и инвестициска политика на деловната заедница и се потребни квалитетни и применливи закони со инклузија на реалниот сектор во самото драфтирање“, изјави Арсовска и додаде дека кризата е добар момент за реформирање во насока на зголемување на економската конкурентност.
Сојузот на стопански комори на Македонија и Туристичко – угостителската комора, имаат квалитетни експерти кои можат да придонесат за изработка на квалитетна Стратегија за туризам, со цел делување на намалување на сивата економија, да се регулира и поддржи работењето на туристичките водичи, како и да се делува на развој на дојдовниот и појдовниот туризам со позиционирање на Македонија на глобалниот пазар.
Министерот Бектеши истакна дека мерките ќе бидат донесени со целосна вклученост и консултација на секторот врз основа на реалните потреби. Тој информираше дека соработката со Сојузот и во претстојниот период ќе се интензивира со цел економските мерки да имаат поголем ефект за најпогодениот сектор. Бектеши најави дека поддршката ќе продолжи и во наредниот период преку четвртиот пакет мерки кој е во фаза на подготовка.
Сојузот на стопански комори како највисока форма на организирање на национално ниво е најголемата деловна мрежа која застапува преку 35 стопански комори и организации.
Останато
Дури 40% онлајн продавници во ЕУ користат манипулативни техники

Од 399 онлајн продавници кои властите на Европската унија ги контролираа во претходниот период, дури 148 учествуваат во манипулативен бизнис, соопшти Европската комисија. (more…)
Криптовалути
КРИПТОВАЛУТИТЕ СЕ ПОВТОРНО ИН – Биткоинот порасна за 40% во јануари!

Големите инвеститори повторно почнаа да вложуваат во криптовалути по еден месец на масовен раст на биткоинот од 40 проценти во јануари оваа година. Инвеститорите забележаа прилив од над 117 милиони долари минатата недела, најголем неделен пораст од јули минатата година, според податоците на „CoinShares“. (more…)
Останато
Досега за најдобрите македонски е-трговци гласале повеќе од 4.000 гласачи

За само неколку денови повеќе од 4.000 граѓани гласaле за е-трговците кои се номинираа на Изборот за најдобрите во македонската е-трговија – “Ecommerce Awards 2022”, во организација на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија. Изборот за најдобрите е-трговци се организира по втор пат токму со цел да ја препознае и награди напорната работа на домашните е-трговци во изминатата година, да се подигне свеста за е-трговијата во јавноста и да поттикне зголемување и подобрување на понудата во е-трговијата. (more…)
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Депозитипред 4 weeks
Халкбанк АД Скопје ги зголеми каматните стапки за физички лица на сите депозитни производи
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во ТТК Банка АД Скопје
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје
- Интервјуапред 1 week
Очекувања 2023 година | МИЛКА ТОДОРОВА, УНИБанка АД СКОПЈЕ
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје
- Домашни банкипред 3 weeks
Комерцијална банка воведе услуга за електронска идентификација на клиенти без посета на шалтер
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје