Останато
Италија ќе го укине дигиталниот данок до 2024 година

Италијанската Влада ќе го укине дигиталниот данок до 2024 година, изјави министерот за економија Даниеле Франко, наведувајќи временски рок за укинување на давачката што треба да го замени новиот глобален данок.
„Дигиталните даноци никогаш не се најдоброто решение”, нагласи вчера Франко, откако претседаваше со состанокот на министрите за финансии и гувернерите на централните банки на 20-те водечки развиени земји и развојни економии на Г-20 во Вашингтон.
На состанокот, финансиските претставници го поддржаа предлогот за измена на глобалниот даночен систем и воведување минимален глобален данок од 15 проценти на добивката на мултинационалните компании со глобални приходи од над 20 милијарди евра и оперативна маргина на профит од над 15 проценти.
Предлогот е финализиран во преговорите под покровителство на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) и прифатен е од 136 земји, вклучувајќи ја и Хрватска.
Исто така, договорено е земјите да ги поделат правата на оданочување на мултинационалните компании со обемен меѓународен бизнис, а промените предвидуваат постепено координирано укинување на дигиталните даноци кои некои земји ги воведоа, и забрана за воведување нови слични давачки.
Не е одреден конкретен рок за укинување на постојните дигитални даноци.
„Очекуваме земјите да ги укинат даноците кои еднострано ги воведоа до 2024 година”, нагласи италијанскиот министер на прес-конференција по состанокот.
Американски официјални лица изјавија претходно оваа недела дека Вашингтон, имајќи ги предвид разговорите за укинување на дигиталните даноци, повеќе нема да мора да воведува реципрочни царини за земјите кои го вовеле тој данок, вклучувајќи ги Италија, Франција, Велика Британија, Шпанија, Австрија, Индија и Турција.
Останато
Пензиите ќе се зголемат за 8,4 проценти!

Советот на социјална сигурност денеска на состанок усвои зголемување на пензиите. Просечната пензија од 17 666 денари се зголемува на 19 150 денари. Зголемувањето на мартовската пензија согласно методологијата ќе биде зголемување од 8,4 проценти што е повеќе од очекуваното, информира премиерот Димитар Ковачевски на прес-конференција во Владата. (more…)
Останато
ПАНТЕЛЕОН ГС понуди 330 милиони денари со што станува потенцијален сопственик на зградата на Еуростандард Банка во центарот на Скопје

Во текот на вчерашниот ден, на третата електронска лицитација за продажба на зградата на Еуростандард Банка-во стечај како потенцијален и мошне извесен иден сопственик на имотот се јави компанијата Пантелеон ГС која понуди 330 милиони денари. Оваа понуда беше избрана за најдобра во текот на вчерашната електронска лицитација. (more…)
- Анализипред 2 weeks
8 МАРТ АНАЛИЗА: Колку се застапени жените во Управните одбори на банките во Македонија?
- Анализипред 2 months
ТЕШКА ГОДИНА – РЕКОРДНИ ПРОФИТИ: Трите најголеми македонски банки со добивка од 117 милиони евра во 2022 година
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје
- Интервјуапред 2 months
Очекувања 2023 година | МИЛКА ТОДОРОВА, УНИБанка АД СКОПЈЕ
- Интервјуапред 2 months
Очекувања 2023 година | Д-Р БИЛАЛ СУЏУБАШИ, ХАЛКБАНК АД СКОПЈЕ
- Банкипред 1 week
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Комерцијална банка