Connect with us

Странски банки

Италија го продава својот удел во најстарата банка во светот

Објавено

на

Италија планира да го продаде својот мнозински удел во најстарата светска банка „Monte dei Paschi di Siena“, стои во официјалната изјава на министерот за економија Џовани Триа, посочувајќи ги можните несогласувања меѓу владејачката коалиција во Рим.

„Monte dei Paschi di Siena“ е италианска банка основана на 4-ти Март 1472 година и се смета за најстара банка во светот. Годишниот профит на банката изнесува 4.282 милијарди долари. Има 2 032 филијали во Италија и 41 во странство.

Државата поседува 68% од финансиската институција, откако и обезбеди финансиска помош во 2016-та година во рамките на 5-годишната спасувачка програма, договорена во соработка со Европската комисија, која вклучува посветеност на Рим да го продаде целиот свој удел во рок кој не се открива.

Покрај Италија, односно Министерството за Економија и Финансии, други мнозински сопственици на банката се General Group со 4,329% и сопствени акции на банката 3,181%.

 

Странски банки

Акциите на словенечката НЛБ се прикажани на берзите во Љубљана и Лондон

Објавено

на

Со котација на акции на берзата, постапката за јавна понуда на акциите на НЛБ е завршена. Банката сега е во голема мера дисперзирана и државата има контролен удел. Во процесот на јавна продажба, државата продала 11.818.181 или 59,1% од сите акции на НЛБ по цена од 51,5 евра. Со воведувањето на специјалната опција за стабилизација, уделот може да се зголеми на 65%, а средствата за државата да достигнат 669,5 милиони евра. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Раст, иновации и предизвици на банкарскиот сектор во Обединетите Арапски Емирати

Објавено

на

Обединетите Арапски Емирати забележаа постојан економски раст во последните шест години. Годишниот раст на домашниот производ од 2010 година е на ниво од 4,4%, со кулминација во 2012 година кога се забележува раст од 7,2%. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Франција бара од швајцарска банка 1,6 милијарди евра отштета поради перење пари

Објавено

на

Француската држава, странка во судскиот процес против големата швајцарска банка УБС во Париз, побара „отштета од 1,6 милијарди евра“ за да го санкционира големиот „систем за измама и перење пари“.

(more…)

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange