Странски банки
Италија ги избра „Bank of America” и „Orrick” за советници во приватизацијата на Monte dei Paschi (MPS)


Италијанското Министерство за финансии ги избра „Bank of America” и „Orrick” за финансиски и правни советници за да обезбедат договор за спојување на спасената италијанска банка „Monte dei Paschi” (MPS) како дел од планот за приватизација, изјавија за „Reuters” четири извори блиски до ова прашање.
Рим планира да склучи спојување со помоќен партнер во 2021 година, велат изворите, со цел да обезбеди долгорочно решение за банката, која е поддржана од владата од 2017 година по договорот за спас од 8 милијарди евра (9,5 милијарди долари).
Сепак, напорите на Министерството за финансии се соочуваат со отпор од ко-владејачката партија „5-Star party”, како и од синдикатите и локалните политичари во Тоскана, кои бараат одложување на продажбата.
Државата во моментов поседува 68 проценти од акциите во оваа банка по спасувачката програма во 2017 година, но сега мора да го намали својот удел најдоцна до средината на 2022 година.
„UniCredit” се споменува како најверојатен купувач на оваа банка, иако извршниот директор на оваа банка, Жан-Пјер Мустиер, во повеќе наврати го елиминираше интересот за аквизиции.
Странски банки
За прв пат од 1979 година, германската централна банка нема да и го исплати профитот на владата


Германската централна банка во средата објави дека за прв пат од 1979 година нема да и исплаќа профит на владата поради повисоките резервации за ризици за време на корона кризата и повисоките каматни трошоци. (more…)
Странски банки
Во година со корона пандемија, Ерсте Групацијата оствари нето добивка од 783 милиони евра


Ерсте Групацијата, водечки кредитодавател во централна и источна Европа, ја заврши 2020 година која ја обележа и коронавирусот со добар оперативен резултат од 2,9 милијарди евра (-1,3% во однос на претходната година). Оваа Групација, чии акции се истакнати на берза, издвои резервации за ризик во вредност од 1,3 милијарди евра за потенцијални загуби во иднина поради намален платежен капацитет предизвикан од пандемијата. Како последица на оваа мерка, нето приходот забележа пад од 46,7% на 783 милиони евра. Кредитите на клиентите од друга страна, забележаа раст од 3,6% на 166,1 милијарди евра, а вкупните депозити на клиентите забележаа пораст од 9,9% на 191,1 милијарди евра. (more…)
Странски банки
“Bank of America” предупредува за потенцијален меур на берзата


Додека најпознатата криптовалута биткоинот ја надминува границата од 50.000 американски долари, а берзанскиот индекс „Dow Jones” надмина 30.000 поени, новиот извештај на „Bank of America” и „EPFR Global” открива дека најновиот раст на берзата може да „почека за корекција“, пренесува „Bloomberg”.
- Домашни банкипред 2 months
ГО “БУТНАА” ИНТЕРНЕТОТ: Вработените на УНИБанка танцуваат на „Jerusalema“ пред експозитура Плоштад
- Анализипред 1 month
Запознајте ја банкарската фела во Македонија (прв дел)
- Анализипред 4 weeks
Запознајте ја банкарската фела во Македонија (втор дел)
- Анализипред 1 month
Колку се застапени жените во Управните одбори на банките во Македонија?
- Банкипред 1 week
Огласи за вработување во Народната банка на Република Северна Македонија
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје