Connect with us

Странски банки

Италијанските банки успешно го тестираат усогласувањето на податоци со помош на блокчејн технологија

Објавено

на

Италијанското банкарско здружение (ABI) во текот на минатата година успешно обработил податоци за усогласување на локалното банкарско работење на блокчејн платформа.

Здружението го објави успешниот тест на системот за проектирање „Spunt“ во соопштението за медиуми објавено на 12-ти октомври. Успешниот тест први го објавиле италијанските медиуми кон крајот на септември, иако со малку детали.

Сега ABI открива дека на тестот се снимени 200 милиони податоци кои се обработени со блокчејн системот за банкарско совпаѓање, ефективно симулирајќи едногодишна активност на италијанските банки.

Успешниот тест ја демонстрира одржливоста на процесот на верификација и на самата платформа.

Во проектот се вклучени 18 италијански банки кои сочинуваат 78% од банкарската работна сила во земјата. Податоците беа воведени на платформата преку 35 јазли дистрибуирани низ цела Италија.

Неодамна ревидираниот банкарски договор, ќе овозможи овој систем да влезе во употреба од 1-ви март 2020. Како што најави „Cointelegraph“, ABI прв ја најавил намерата дека ќе ја примени блокчејн технологијата во средина на јуни.

Проектот „Spunta“ е координиран од истражувачката организација на здружението, ABI Lab со компанијата за системска интеграција NTT Data, децентрализирана платформа за складирање на податоци Sia и R3 со својата мрежа Corda.

Странски банки

Светски банки дозволувале трансфер на валкани пари

Објавено

на

Некои од најголемите банки во светот им дозволиле на криминалци да префрлаат валкани пари во износ од околу две милијарди долари, покажуваат документи што протекоа во јавност. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Во Шведска исчезнува плаќањето во готово, дури и џепарлакот на децата им го уплатуваат на картичка

Објавено

на

Монетите и банкнотите веќе долго време не се омилено платежно средство во Шведска, а кризата предизвикана од коронавирусот само го засили трендот на безготовинско плаќање. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Преполовена добивката на хрватските банки

Објавено

на

Банките во Хрватска остварија бруто добивка од 1,98 милијарди куни во првата половина на оваа година, што е речиси за половина помалку отколку во истиот период од минатата година, покажуваат податоците на Хрватската народна банка (ХНБ). (more…)

Продолжи со читање

Популарно