Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Странски банки

Италијанскиот банкарски Робин Худ се спаси од затворска казна

Објавено

на

Робин Худ е архетипски лик од британскиот средновековен фолклор, одметник кој краде од богатите за да им даде на сиромасите. Главно оружје му е долг лак и стрела, кое му служи и како средство за ловокрадство.

Еден ваков Робин Худ доби Италија. Наместо лак и стрела, ги користел системите и сметките на банката.  Тој земал мали суми од богати клиенти со цел да ги пренасочи за оние кои не можеле да се квалификуваат за кредит. Банкарот никогаш не присвоил ниту едно евро за себе – и избегнал да оди во затвор по спогодба што  ја направил со властите.

Станува збор за банкарот Жилберто Башиера. Тој бил менаџер во банка во малиот планински град Форни ди Сопра, каде што за период од седум години одзел околу 1 милион евра.

„Отсекогаш мислев дека покрај заштитата на штедачите, нашата должност е и да им помогнеме на оние кои се во неповолна ситуација“, изјавил Башиера, според италијанскиот весник „Кориере Дела Сера“.

Меѓутоа, неговата приказна нема баш најсреќен крај, пишуваат некои италијански медиуми. Неговиот адвокат Роберто Мете изјави за BBC дека Баскиера останал без работа и без дом.

„Сакаше да им помага на луѓето кои не можеа да добијат кредит на нормален начин“, рече Мете.

Кога некој граѓанин ќе дојдел да побара кредит од банката каде што работел Баскиера, но не ги исполнувал условите, тој им „додавал“ пари на сметката за да може да се квалификуваат за кредит.

Благодарните клиенти се согласувале веднаш да ги вратат парите, но некои не ги враќале, а со тоа Баскиера останувал изложен и сѐ потешко ги „покривал“ дупките. Во текот на неколку години, сумата пораснала на еден милион долари.

Поосле судењето, изјавил дека ако има можност нема да го повтори делото бидејќи цената што ја платил за неговата добрина била превисока: ги изгуби куќата и работата.

 

Странски банки

Пет банкaрски гиганти ќе платат казна од 1 милијарда евра

Објавено

на

Европската комисија (ЕК) објави дека казнила пет банкарски гиганти со 1,07 милијарди евра за учество во картели, пренесува „Спутник“. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Испечатиле 46 милиони банкноти и дури потоа виделе дека има печатна грешка!

Објавено

на

Австралиската централна банка преземала одговорност за отштампаната грешка на 46 банкноти, откако една радио станица објави на друштвените мрежи дека на банкнотите има микроскопска грешка. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

ЕЦБ ги зголемила трошоците за надзор на банките за 21%

Објавено

на

Европската централна банка ги зголемила трошоците за надзор на банките за 21%, како одраз на повисоките трошоци за подготовка за Брегзит, според соопштението на оваа институцијата. (more…)

Продолжи со читање
Unibanka_banner_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange