Останато
Истражување покажа дека Романците најмногу сакаат влез во Еврозоната


Мало мнозинство граѓани на седум земји-членки на ЕУ кои не користат евро сметаат дека промената во таа валута ќе има позитивно влијание врз нивната земја, а граѓаните на Романија даваат најголема поддршка за влез во еврозоната, покажа истражување на „Евробарометар”.
Вкупно три четвртини од Романците и повеќе од половина од граѓаните во Унгарија (69 проценти), Хрватска (61 процент), Полска (56 проценти) и Бугарија (54 проценти) имаат позитивен став кон воведувањето на еврото, додека поддршката е најниска во Чешка (33 проценти) и Шведска (43 проценти).
Од вкупниот број испитаници во сите седум земји, 57 проценти се изјасниле дека го поддржуваат преминот во еврото, додека 40 проценти се против.
Во сите земји, освен Чешка, поддршката за еврото е зголемена во споредба со 2020 година. Најголем раст е забележан во Романија (за 12 отсто) и Шведска (за 8 отсто).
Преминувањето кон еврото имаше позитивни последици во земјите кои веќе се приклучија на еврозоната, според 60 проценти од учесниците во истражувањето во кое учествувале повеќе од 7.000 граѓани од Бугарија, Хрватска, Чешка, Унгарија, Полска, Романија и Шведска. Помалку (52 проценти) веруваат дека тоа ќе има позитивно влијание врз нивната земја.
Според анкетата спроведена во мај, 63 проценти од Романците, 60 проценти од Унгарците и 56 проценти од Хрватите веруваат дека промената ќе има позитивно влијание врз нивната земја. Ова, сепак, не е мислење на повеќето испитаници во Полска и Шведска.
Мнозинството Романци (70 проценти) и Хрвати (57 проценти) исто така веруваат во позитивен ефект на лично ниво, додека 46 проценти од Бугарите мислат така.
Сепак, процентот на испитаници кои оценуваат дека нивната земја е подготвена да премине на еврото е се уште мал во сите земји.
Најголем процент од оние кои сметаат дека нивната земја е подготвена за воведување на еврото е во Хрватска (34 проценти), а само 18 проценти од Полјаците мислат така.
Хрватите главно веруваат дека нивната земја ќе влезе во еврозоната во следните пет години. Така мислат 78 проценти од Хрватите и 64 проценти од Бугарите, а само осум проценти од Швеѓаните.
Испитаниците гледаат на можните негативни последици од воведувањето на еврото како пораст на цените, губење на контролата над националната економија или делумно губење на идентитетот.
Повеќето испитаници во сите земји, освен Унгарија, очекуваат зголемувања на цените во нивните земји по преминот во еврото. Тој процент е највисок во Чешка (77 проценти), Хрватска (71 процент), Бугарија (69 проценти) и Полска (66 проценти).
Огромното мнозинство од испитаниците сметаат дека ќе можат да се приспособат на преминот кон новата валута, но некои сепак сметаат дека воведувањето на еврото ќе значи губење на контролата врз националната економска политика. Повеќето од оние што мислат така се наоѓаат во Шведска (67 проценти), а најмалку во Унгарија (24 проценти).
Поголемиот дел од испитаниците во Чешка (71 процент), Шведска (62 проценти) и Хрватска (54 проценти) сметаат дека преминот во еврото ќе значи дека нивната земја ќе изгуби дел од својот идентитет. Вкупно, во сите седум земји, помалку од половина од испитаниците (43 проценти) мислат така.
Една четвртина од испитаниците во сите седум земји сакаат да се префрлат на еврото што е можно поскоро, а 36 отсо се со став дека еврото треба да се воведе што е можно подоцна или никогаш.
Останато
Од 28-ми започнува етапната исплата на јунските пензии


Владата на Република Северна Македонија на последната седница ја усвои Информацијата за исплата на пензии за месец јуни 2022 година со задолжување на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 27 јуни. (more…)
Останато
Инфлацијата во Велика Британија највисока во последните 40 години


Инфлацијата во Велика Британија се зголеми на 9,1 проценти на годишно ниво во мај, што е највисоко во изминатите 40 години, покажува извештајот објавен од Националната канцеларија за статистика на Обединетото Кралство. (more…)
Останато
Економиите на САД и ЕУ во пад, расте ризикот од глобална рецесија


Економиите на САД и на Европската Унија покажуваат значаен пад во јуни, како резултат на порастот на цените за храната, цените на енергенсите и намалената побарувачка на останатите производи и услуги. Со тоа се зголемува ризикот за глобална рецесија. (more…)
- Кредитипред 2 months
Брзо и евтино решение за вашите финансиски потреби
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје
- Кредитипред 4 weeks
Брз и евтин кредит – прва помош за вашиот паричник
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Домашни банкипред 2 months
Комерцијална банка денес започнува со исплата на дивиденда за 2021 година, кој ќе се „офајди” најмногу!?
- Банкипред 1 month
Огласи за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје