Останато
Истражување на Блумберг: Ризикот од рецесија во еврозоната е најголем од ноември 2020 година

Ризикот од рецесија го достигна највисокото ниво од ноември 2020 година поради стравувањата дека енергетската криза ќе ја турне веќе рекордната инфлација на уште повисоко ниво, според економистите анкетирани од „Bloomberg”.
Веројатноста дека економската активност ќе се намалува два последователни квартали се зголеми од 45 проценти колку што беше во претходната анкета на 60%.
Пред Русија да ја нападне Украина, таа веројатност беше околу 20 проценти. Германија, најсилната економија во еврозоната и една од најизложените на намалување на понудата на руски гас, веројатно ќе стагнира и овој квартал, пишува „Bloomberg“.
Зголемените трошоци за живот во еврозоната создаваат проблеми и за компаниите и за домаќинствата, а како што се приближуваат последните месеци од 2022 година, руските енергетски закани дополнително го влошуваат тој проблем. Дополнително, застојот во логистиката се влошува поради големата суша што предизвика пад на водостојот на европските реки летово.
Според најновите очекувања, просечната инфлација би можела да достигне речиси осум проценти оваа година – што е четири пати повисоко од нивото кое го таргетира Европската централна банка (ЕЦБ) – и четири проценти следната година. Анкетираните аналитичари сè уште очекуваат инфлацијата да биде два отсто во 2024 година.
Останато
ОДЛИЧНА ВЕСТ ЗА ПЕНЗИОНЕРИТЕ – Во тек е етапната исплата на мартовските пензии, повисоки за 8,4%

Министерството за труд и социјална политика известува дека на ден 28.03.2023 година (вторник) започна етапната исплата на пензиите за месец март, зголемени за 8,4% согласно усогласувањето предвидено со новата методологија за раст на пензиите, која следи два индикатори односно 50% од порастот на просечната плата и 50% од порастот на трошоците за живот. Ова усогласување се врши два пати во годината март и септември и претставува постојан раст на пензиите. (more…)
Останато
Стевкова-Штериева: Принципите за родова еднаквост се основа за просперитетна иднина

Со истакнување на обврската за почитување на Принципите за јакнење на жените (The Women’s Empowerment Principles) како дел од Целите за одржлив развој на ООН, д-р Маја Стевкова-Штериева, претседателка на МБА и Главен финансов директор и член на Управниот одбор на Комерцијална банка, нѐ потсети на заедничката одговорност за справување со најголемите предизвици на денешницата. (more…)
Останато
Кирил и Кристијан од ООУ “Мите Богоевски” – Ресен се национални победници на Европски квиз на пари 2023

Денес, последниот ден на Глобалната недела на пари, во организација на Македонската банкарска асоцијација во соработка со Народната банка и Комисијата за хартии од вредност, се одржа финалето на националниот натпревар Европски квиз на пари 2023. (more…)
- Анализипред 3 weeks
8 МАРТ АНАЛИЗА: Колку се застапени жените во Управните одбори на банките во Македонија?
- Анализипред 2 months
ТЕШКА ГОДИНА – РЕКОРДНИ ПРОФИТИ: Трите најголеми македонски банки со добивка од 117 милиони евра во 2022 година
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во Шпаркасе Банка АД Скопје
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Комерцијална банка
- Домашни банкипред 2 months
Одличното справување со NPL на Халкбанк и донесе профит од 12 милиони евра во 2022 година