Connect with us

Останато

Истражување: Еврозоната влегува во двојна рецесија, но оптимизмот расте

Објавено

на

Економијата во еврозоната сосема извесно влегува во двојна рецесија бидејќи мерките за затворање продолжуваат да ја попречуваат услужната индустрија, но надежите за зајакнување на кампањите за вакцинација го зголемија деловниот оптимизам на највисоко ниво во последните три години, покажа денеска објавеното истражување на аналитичката фирма „IHS Markit”.

Индексот на менаџерите за набавки на Markit (PMI) за февруари, кој се смета како добар показател за економското здравје, се зголеми на 48,8 поени од 47,8 поени во јануари, но сепак останува под границата од 50 поени, одделувајќи го растот од падот.

Зголемувањето на вредноста на индексот најмногу се должи на речиси рекордниот раст на производството, бидејќи фабриките во 19 земји кои го користат еврото генерално останаа отворени по обновените рестриктивни мерки насочени кон спречување на зголемувањето на бројот на новите случаи на коронавирусот.

Од друга страна, угостителските објекти и места за забава морале да останат затворени, а властите им препорачуваа на граѓаните да останат дома.

Економијата во еврозоната забележа пад во првите два квартала од 2020 година, а голем број економисти предвидоа во минатомесечното истражување на Ројтерс дека ќе се повторат двата последователни квартални падови – во минатогодишниот последен и првиот овогодишен квартал.

Како сериозни закани се наведени бавниот процес на вакцинација во ЕУ, загриженоста за новите мутации на коронавирусот поради кои се продолжуваат мерките за заклучување, придушената економска активност и зголемувањето на невработеноста.

И покрај се што е наведено, бизнисмените очекуваат негативните ризици да бидат неутрализирани, при што индексот на идното производство, кој го мери нивниот оптимизам, се зголеми на 67 поени од претходните 64,2 поени.

Останато

СИСТЕМОТ КОНЕЧНО АЖУРИРАН – Корисниците на МојДДВ може да се вратат на напредниот скенер за скенирање на фискални сметки

Објавено

на

Управата за јавни приходи, ги информира корисниците на апликацијата МојДДВ, дека може да се вратат на напредниот скенер за скенирање на фискални сметки. (more…)

Продолжи со читање

Останато

ЗАГРИЖУВАЧКИ ПОДАТОК – Луѓето поминуваат по 4 до 5 часа во просек на ден на мобилните апликации!?

Објавено

на

Истражувачите на пазарот на мобилни апликации открија дека потрошувачите поминуваат се повеќе време со своите паметни телефони. Според истражувањето на „data.ai” (порано App Annie) во 13 земји, луѓето моментално посветуваат 4 до 5 часа од својот ден на мобилни апликации. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Поголем дел од светската популација ќе користи дигитални паричници до 2026 година

Објавено

на

Повеќе од пет милијарди луѓе ќе користат дигитални паричници до 2026 година. Водечки фактор во нивното ширење ќе бидат „супер-апликациите“ кои ќе го поттикнат нивното усвојување меѓу луѓето, особено во земјите во развој, според глобална студија. (more…)

Продолжи со читање


Популарно