Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Странски банки

Историски најголем пад на акциите на Deutshe Bank

Објавено

на

Акциите на германскиот банкарски гигант “Deutsche Bank” доживеаа пад за 3 проценти, достигнувајќи најниска вредност во историјата, неколку дена пред годишната конференција.

Распродажбата на акциите беше резултат на афера, дека банката се обидела да прикрие серија сомнителни трансакции кои вклучуваат правни субјекти кои ги контролирале американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот зет во текот на 2016-та и 2017-та година.

Според извештаите на медиумите, тие трансакции ги означиле службениците на банките и подготвиле да ги пратат до Министерството за финансии на САД, како извештај за таканаречени сомнителни активности.

Меѓутоа, се тврди дека раководителите на “Deutsche Bank” ги одбиле сугестиите на своите своите вработени и одлучиле да ја отфрлат можноста за перење на пари. Тие трансакции наводно вклучувале проток на пари меѓу прекуморски правни лица и поединци.

Со акциите на Deutsche Bank се тргувало по 3,27 проценти пониска цена, од 6,623 по акција. Последен пат акциите паднале толку ниско во декември минатата година поради извештајот за можно спојување со ривалот Commerzbank.

Странски банки

Бундесбанк: Централните банки да внимаваат со дигиталните валути

Објавено

на

Гувернерот на централната банка на Германија, Јенс Видман истакна дека дигиталните валути издадени од централни банки во светот, можат да го дестабилизираат финансискиот систем и да ја влошат состојбата на банкарскиот бизнис. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Нов тим на Управниот одбор на Штаермеркише Шпаркасе

Објавено

на

Од денес, Штаермеркише Шпаркасе има нов тим во Управниот одбор. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

НЛБ Групацијата со резултати од првиот квартал од 2019 година: Оствари нето добивка од 57,9 милиони евра

Објавено

на

На својата 55 – та седница Надзорниот одбор на НЛБ д.д. ги разгледа резултатите на НЛБ Групацијата за првиот квартал од 2019 година. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange