Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Останато

Истекува рокот за аплицирање за обука за развој на претприемништво кај младите

Објавено

на

Агенцијата за млади и спорт, во насока на развивање на претмприемаштвото кај младите луѓе објавува јавен повик за учество во обука за развој на претприемачкиот дух и деловните вештини.

На повикот можат да се пријават млади лица на возраст од 18 до 25 години, државјани на Република Македонија.

Обуката е составена од два модули, при што секој модул претставува едукативна целина:

Првиот модул ги опфаќа претприемништвото, претприемачкиот процес и претприемачот.  Преку овој модул, учесникот ќе се запознае со претприемништвото и ќе го разбере преприемачкиот процес. Овој модул исто така ќе ја поттикне креативноста и ќе им овозможи на учесниците да развијат претприемачки дух, способност за препознавање на бизнис можностите, способност да се справуваат со предизвиците во окружувањето, како и да дефинираат сопствена бизнис идеја за производи или услуги во контекстна основање на сопствен бизнис, способност за подготовка на бизнис план и определување на потребни средства за бизнисот.

Вториот модул од програмата се однесува на деловните вештини потребни за основање и водење на сопствен бизнис. Преку оваа едукација, учесниците ќе се запознаат со потребните вештини за успешно водење на секојдневните бизнис операции, со цел да идентификуваат кои вештини е потребно да ги развиваат или подобрат за успешно да го водат својот бизнис.  Овој модул ќе ги опфати круцијалните бизнис вештини како:

  • Управување со финансии;
  • Маркетинг, продажба и грижа за клиенти;
  • Деловна етика;
  • Лидерство;
  • Комуникациски и преговарачки вештини;
  • Управување со човечки ресурси, проекти и време;
  • Правни и законски аспекти и
  • Вмрежување (Networking).

За дополнителни информации заинтересираните можат да се обратат mail:gordana@ams.gov.mk секој работен ден од 8.30 до 16.30 часот, или во просториите на Агенција за млади и спорт, Сектор млади.

Јавниот повик за пријавување на учесници трае до 15 октомври 2018 година.

Останато

ССК: Прв центар за медијација по европски модел

Објавено

на

Во Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) отворен е првиот Центар за медијација, по примерот на европските и земјите во светот, каде во рамки на коморите, функционираат Центри за медијација, со цел промовирање на принципот за пристап до правда за сите,  како и исполнувањето на меѓународните стандарди, беше истакнато на денешната прес конференција на Сојузот. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Граѓаните досега скенирале скоро 3 милиони фискални сметки во вредност од 1,5 милијарди денари

Објавено

на

Од почетокот на месецов, граѓаните имаат можност да побараат поврат на 15% од платениот Данок на додадена вредност (ДДВ) преку примената на владиниот проект „Мој ДДВ“. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Услугите на Тиго Фајнaнс отсега уште подостапни за жителите на Гевгелија

Објавено

на

Со цел да биде уште поблиску до своите клиенти и да обезбеди врвно корисничко искуство во секој контакт со клиентите, Тиго Фајнанс ја проширува својата продажна мрежа, отворајќи ја денес новата, 18-та по ред филијала, во Гевгелија. Филијалата е лоцирана на ул. Слободан Митров-Данко бр.87. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange