Осигурување
Исплатените штети за приватно здравствено осигурување пораснаа за 87,5 %, достигнаа 1,5 милиони евра

Во првите шест месеци годинава бројот на договори за купени полиси за приватно здравствено осигурување пораснал за 48 отсто. Вложувањата на осигурениците во ова осигурување достигнале 3,8 милиони евра. Осигурителните компании за првото полугодие за пријавени штети исплатиле 87,5 отсто повеќе средства во однос на истиот период 2020 година.
Вредноста на исплатените штети покриени со приватно здравствено осигурување во првите шест месеци порасна за 87,5 отсто и достигна 92,6 милиони денари (1,5 милиони евра). Истовремено, вложувањата на граѓани и компании во приватно здравствено осигурување се зголемени за 38 отсто достигнувајќи 232,5 милиони денари (3,8 милиони евра), покажуваат официјалните податоци на Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО).
Податоците за исплатени штети и продадени полиси потврдуваат дека приватното здравствено осигурување, во контекст на актуелната здравствена пандемија, станува многу популарно и се пошироко прифатено кај осигурениците (граѓани и правни лица). Истовремено се зголемуваат износите кои осигуреници ги вложуваат во приватно здравствено осигурување со цел да обезбедат поквалитетна здравствена заштита од јавното здравство, која не е на товар на државниот буџет и на државниот Фонд за здравствено осигурување.
Во првите шест месеци годинава осигурителните компании кои продаваат полиси за приватно здравствено осигурување ликвидирале т.е. исплатиле 9.144 оштетни побарувања на свои осигуреници. Тоа е за 68 отсто повеќе во споредба со истиот период претходната година кога друштвата за осигурување ликвидирале 5.432 штети. Во првото полугодие се продадени 9.870 полиси за приватно здравствено осигурување што е за 46 отсто повеќе од истиот период во 2020 година. За првите шест месеци годинава до АСО се доставени само две претставки од незадоволни осигуреници за покритие на штета по полиса за приватно здравствено осигурување.
Вредноста на штети исплатени за приватно здравствено осигурување достигна 5 отсто во вкупниот износ на бруто исплатени штети (БИШ) за првото полугодие оваа година. За овој период учеството на исплатени штети за приватно здравствено осигурување порасна за 67 отсто во споредба со истиот период лани кога оваа класа осигурување во БИШ учествуваше со 3 отсто.
Највисоката поединечна исплатена штета покриена со приватно здравствено осигурување изнесува 610.000 денари (10.000 евра).
Осигурување
Триглав осигурување Живот се приклучи кон иницијативата на АСО – стипендија за дванаесеете најдобри студенти од Економскиот Факултет при УКИМ

Успешно е реализирана иницијативата на Агенцијата за супервизија во осигурувањето за стипендирање на најдобрите дванаесет студенти од четврта година на Економскиот Факултет при Универзитетот “Св.Кирил и Методиј во Скопје, од страна на осигурителните компании. (more…)
Осигурување
Осигурителните компании доделија стипендии и можност за вработување за 12 студенти со висок просек на Економски факултет – Скопје

Иницијативата на Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) ја поддржаа 10 осигурителни компании кои ќе издвојат по 1.000 евра стипендија за секој од студентите и што е поважно ќе укажат простор за практична работа која може да прерасне и во вработување. (more…)
Осигурување
Речиси 300.000 граѓани имаат животно осигурување, вложиле над 25 милиони евра

Продолжува континуираниот раст на масовноста при вложувања во ризико осигурувањето на живот (кое нема штедна компонента) и најчесто е обезбедување за банкарски кредити на осигуреници – физички лица. За првите девет месеци лани во осигурување со штедна компонента граѓани вложиле 13,4 милиони евра,а во ризико осигурување 6,7 милиони евра. Заклучно со третиот квартал вкупната актива на петте друштва за осигурување живот, кои се солидно капитализирани, изнесува 180 милиони евра. (more…)
- Анализипред 2 days
ТЕШКА ГОДИНА – РЕКОРДНИ ПРОФИТИ: Трите најголеми македонски банки со добивка од 117 милиони евра во 2022 година
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Депозитипред 1 month
Халкбанк АД Скопје ги зголеми каматните стапки за физички лица на сите депозитни производи
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во ТТК Банка АД Скопје
- Интервјуапред 2 weeks
Очекувања 2023 година | МИЛКА ТОДОРОВА, УНИБанка АД СКОПЈЕ
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје
- Домашни банкипред 4 weeks
Комерцијална банка воведе услуга за електронска идентификација на клиенти без посета на шалтер