Останато
Исплатата на февруарските пензии ќе започне од 27 февруари

Владата на 131-та седница ја разгледа и усвои Информацијата за исплата на пензиите за февруари, која ќе почне од 27-ми февруари.
„Задолжен е Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 24 февруари, а е препорачано деловните банки да обезбедат на пензионерите да може да располагаат со февруарските пензии преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од 27.02.2023 година”, информираат од Владата.
Се препорачува на деловните банки преку филијалите и експозитурите на банките да обезбедат готовинска исплата на пензии за клиентите кои не користат картички, во четири групи, според висината на пензијата и тоа:
- за пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 27.02.2023 година (понеделник);
- за пензии со висина 11.001 – 14.000 денари, исплатата да се изврши на 28.02.2023 година (вторник);
- за пензии со висина 14.001 – 18.000 денари, исплатата да се изврши на 01.03.2023 година (среда) и
- за пензии со висина над 18.001 денари, исплатата да се изврши на 02.03.2023 година (четврток).
Владата, на последната седница, ја разгледа и прифати и Информацијата со предлог мерки за подобрување на безбедноста на информациските системи во институциите од јавниот сектор, со цел градење отпорност во нивната заштита, известуваат од прес-центарот на Владата.
Останато
88,1% од доверителите се eдногласни: потребна е брза продажба на деловната зграда на Еуростандард Банка

Зградата на Еуростандард банка треба да се продаде што поскоро сметаат 88,1% од доверителите, истакнувајќи дека секое одолговлекување е на нивна штета. На неодамнешното собрание по повод третата лицтација за продажба на деловната зграда на Еуростандард Банка, доверители остро се спротивставиле на предлогот на Стечајниот управник и стечајниот судија дека е потребно повторно да се прави проценка на вредноста на зградата. Тие јасно го изразиле својот став дека со повторната проценка само се одолговлекува процесот и од тоа никој ништо не добива. (more…)
Останато
Доверителите се eдногласни: потребна е брза продажба на деловната зграда на Еуростандард Банка

На вчерашното собрание на доверители одржано по повод третата лицитација за продажба на зградата на Еуростандард банка над 80% од доверителите биле катeгорични дека продажбата е чин кој треба да се случи час поскоро, и дека треба да се прифати доставената понуда. Стечајниот управник заедно со судијата предложиле повторно да се прави проценка на вредноста на зградата, на што се спротивставиле доверителите, истакнувајќи дека со повторната проценка само се одолговлекува процесот и од тоа никој ништо не добива. (more…)
Останато
Огромен интерес од регионот и Македонија за конференцијата за е-трговија „Redefining E-commerce: A(I) New Era”

Шестата регионална конференција за е-трговија, оваа година под мотото „Redefining E-commerce: A(I) New Era” со сигурност станува еден од најпрепознатливите регионални бизнис настани. Асоцијацијата за е-трговија на Македонија, неодамна најави конференција која ќе ги помести границите во секторот на е-трговијата и ќе ја внесе домашната е-трговија во новата дигитална ера во која полека, но сигурно, вештачката интелигенција станува клучен дел. (more…)
- Анализипред 2 months
АНАЛИЗА ШТЕДНИ ВЛОГОВИ: Во која банка е најповолно да ги орочите средствата на една година?
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 2 months
УНИБанка вработува Раководител и Референт на фронт офис во експозитура во Скопје
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Домашни банкипред 2 months
Стопанска банка Скопје преку високо пазарно учество до профит од над 27 милиони евра за 6 месеци
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Шпаркасе Банка АД Скопје
- НБРМпред 2 months
Народната банка ќе мора да направи план за спас на секоја банка во земјава
- Домашни банкипред 2 months
НЛБ Банка оствари нето добивка од 23,5 милиони евра во првите шест месеци од 2022 година