Останато
Исплатата на пензиите за април 2022 година ќе почне од 26.4.2022 година


Владата на вчерашната седница ја разгледа и усвои информацијата за исплата на пензии за април 2022 година и го задолжи Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Република Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 21.4.2022 година, кои треба да обезбедат пензионерите да може да располагаат со априлските пензии преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од 26.4.2022 година.
Со оваа информација Владата им препорачува на деловните банки преку филијалите и експозитурите на банките да обезбедат готовинска исплата на пензии за клиентите што не користат картички, во четири групи според следниот распоред составен според висината на пензијата:
- за пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 26.4.2022 година (вторник);
- за пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 27.4.2022 година (среда);
- за пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 28.4.2022 година (четврток); и
- за пензии со висина над 18.001 денар, исплата да се изврши на 29.4.2022 година (петок).
Останато
СЕФФ: Преку концептот зелена економија до отпорна економија со забрзан раст


Природните непогоди поврзани со климатски промени го намалуваат растот за 0,4 процентни поени во просек, додека кај помалку развиените економии и до 0,7 процентни поени, покажуваат пресметките на Меѓународниот монетарен фонд. Проценките се дека во претстојниот период негативниот ефект ќе биде уште поголем, особено кај помалку развиените економии, што укажува дека од особено значење е да се имаат предвид климатските промени при креирањето на идни економски политики. (more…)
Останато
Бесими: Ребалансот е одговор на кризата, предвидува кратења, но и додавања


Ребалансот е одговор на кризата која не можеше да се предвиди во перидот кога се подготвуваше Буџетот за 2022 и во него, освен кратења, има и додавања, но и реприоретизирање на средствата, рече денеска министерот за финансии Фатмир Бесими. (more…)
Криптовалути
Кристин Лагард: Криптовалутите се безвредни, тие не се засноваат на ништо!


Претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ) Кристин Лагард верува дека криптовалутите не вредат ништо, дека се целосно безвредни. (more…)
- Кредитипред 2 months
Брз онлајн кредит – за пролетно чистење сметки
- Анализипред 2 months
Кои се петте најпрофитабилни македонски компании во 2021 година!?
- Кредитипред 3 weeks
Брзо и евтино решение за вашите финансиски потреби
- Домашни банкипред 2 months
Промени во Управниот одбор на Шпаркасе Банка АД Скопје
- Домашни банкипред 4 weeks
Комерцијална банка денес започнува со исплата на дивиденда за 2021 година, кој ќе се „офајди” најмногу!?
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје
- Банкипред 1 week
Огласи за вработување во Халкбанк АД Скопје