Connect with us

Странски банки

Испечатиле 46 милиони банкноти и дури потоа виделе дека има печатна грешка!

Објавено

на

Австралиската централна банка преземала одговорност за отштампаната грешка на 46 банкноти, откако една радио станица објави на друштвените мрежи дека на банкнотите има микроскопска грешка.

Радиот „Трпл М“ на Инстаграм објави зголемена фотографија од банкнотата од 50 австралиски долари на која се гледа печатната грешка. Австралиската банка за резерви погрешно го напишала англискиот збор „одговорност“ (responsibilty наместо responsibility), заборавајќи ја буквата „и“.

Околу 46 милиони од овие испечатени банкноти се во употреба во земјата.

Банкнотите биле пуштени во оптек кон крајот на минатата година и на нив се наоѓа ликот на Едит Кован, првата жена член на австралискиот парламент. Над рамото на нејзиниот лик, со многу ситни букви, се напишани редови текст кои се цитати од нејзиниот прв говор во парламентот.

„Голема одговорност е да се биде единствена жена овде и сакам да ја истакнам потребата што постои од тоа и други жени да се најдат овде“, се наведува во текстот, кој е повторен неколкупати со ситно испечатени букви. Зборот „одговорност“ во секој од редовите е напишан погрешно. Потребно било шест месеци за некој да го разгледа текстот под лупа и да ја забележи печатната грешка.

Австралиската централна банка вели дека оваа правописна грешка ќе биде исправена при наредното штампање оваа година.

Странски банки

Кинеските банки вршат дезинфекција на парите во оптек како превентива од корона вирусот

Објавено

на

Кинеските власти преземаат обемни мерки во борбата против новиот вид коронавирус (COVID-19), a една од нив е и дезинфекција на банкнотите. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Како Русија го решава конфликтот на интереси во Sberbank?

Објавено

на

Sberbank по речиси 30 години ќе добие нова структура на управување која ќе го реши конфликтот на интереси и невообичаената положба во која Руската централна банка ем е нејзин контролор односно регулаторно тело кое ја надгледува нејзината работа и истовремено сопственик на мнозинскиот удел.

Русија секако, не се откажува од целосната државна контрола над една од најуспешните руски банки која во многу случаи ја следи и националната монетарна, фискална и економска политика. Затоа уделот кој досега го поседуваше Централната банка на Русија ќе го преземе Владата во Москва.

Тоа значи дека повторно Sberbank ќе има централизирано управување, но од друга страна нејзината работа без конфликт на интереси ќе може да биде под надзор од страна на Централната банка. Трансакцијата од една во друга државна руска институција е процента на 39 милијарди долари.

Продолжи со читање

Странски банки

Erste Asset Management управува со средства од над една милијарда евра во Хрватска

Објавено

на

„Erste Asset Management” на 7 јануари 2020 година надмина една милијарда евра средства под управување во Хрватска. (more…)

Продолжи со читање

Популарно