Connect with us

Останато

Исланд воведува четиридневна работна недела

Објавено

на

Посреќни и попродуктивни станале над 2.500 Исланѓани вработени во различни сектори, како здравство и образование, покажа неодамнешното испитување, пренесува „BBC”. Луѓето работеле за иста плата и покажале подобри резултати и на работа, а и дома, каде што можеле да се посветат на семејството или на некое хоби.

„Оваа студија покажува дека најголемиот експеримент во светот за пократка работна недела во јавниот сектор со сите мерки беше огромен успех”, изјави за „BBC”, Вил Стронге, директор на невладината организација „Автономија“ кој помогна во експериментот.

Според Стронге, ова покажува дека јавниот сектор е зрел затоа што е пионер на пократки работни недели и од експериментот можат да се извлечат поуки за другите влади во светот.

Синдикатите во Исланд веќе го користат извештајот за да им дадат на членовите право да работат четири дена за нивните тековни плати, промена што може да влијае на 86 проценти од работниците во земјата. Шпанија и Нов Зеланд ќе го следат примерот на Исланд и ќе спроведат свои испитувања, што укажува на тоа дека четиридневната недела може да стане истакнат тренд низ целиот свет.

Останато

Инфлацијата во Хрватска достигна рекордни 12,3 проценти

Објавено

на

Потрошувачките цени во Хрватска во јули пораснаа 12,3 проценти во однос на истиот месец минатата година, што претставува највисока стапка на инфлација откако Државниот завод за статистика (ДЗС) ги евидентира податоците. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Бесими за МИА: И да не отворевме дебата за даночните реформи, има закони кои стапуваат во сила од 1 јануари

Објавено

на

И да не ја отворевме дебатата за даночните реформи, има законски решенија кои стапуваат во сила од 1 јануари 2023 година, како што се за оданочувањето на приходите над милион денари годишно и оданочувањето на каматите на депозитите, вели министерот за финансии Фатмир Бесими во интервјуто за „МИА”. (more…)

Продолжи со читање

Останато

ЗА НИВ НЕМА КРИЗА – Словенечкиот БДП скокна за 8,2 проценти во вториот квартал

Објавено

на

Според податоците на Националното биро за статистика на Словенија (Сурс) обемот на бруто домашниот производ на Словенија во вториот квартал од годинава се зголеми за 8,2 проценти на годишна основа. (more…)

Продолжи со читање


Популарно