Наградни игри
Искористи ги можностите на Халкбанк за плаќање на рати и активирај супермоќ


Зарем има нешто попримамливо од можноста, да купувате сè што ви е потребно или што го посакувате, плаќајќи на рати без камата и притоа да добиете шанса за освојување вредни награди? Токму тоа го овозможуваат Mastercard кредитните картички издадени од Халкбанк – да купувате на рати без камата и истовремено да учествувате во големата наградна игра „Освојувај награди со Mastercard“ која веќе започна и ќе трае до крајот на февруари идната година.
Доколку сте имател на кредитна картичка на Халкбанк, искористете ја поволноста за купување на рати БЕЗ КАМАТА кај трговци со кои Банката има склучено договор за плаќање на рати без камата и на тој начин, со секоја трансакција учествувајте во големата наградна игра на Банката. Партнерите со кои Халкбанк има склучено договор за плаќање на рати без камата, може лесно да се пребаруваат според дејности. На пример, доколку во моментот сте заинтересирани за купување мебел на рати, директно на веб страницата може да ги пребарувате PDF фајловите од соодветната дејност и многу брзо да добие пристап до листата на трговци кај кои може да се плаќа на рати и без камата.
Условите за учество во наградната игра за „Освојувај награди со Mastercard“ се едноставни: корисниците на Mastercard кредитни картички со секоја направена трансакција стануваат потенцијални добитници на награди, додека сопствениците на Халкбанк дебитни картички од брендот Mastercard, учествуваат во наградната игра со вршење трансакции преку HalkPay и GarminPay функционалноста. Притоа, за учество во наградната игра потребно е да се пополни изјава за согласност за учество, на официјалната веб-страница на Халкбанк.
Наградната игра „Освојувај награди со Mastercard“ започна на 1 ноември и ќе трае до 28 февруари 2022 година, така што ќе има уште две месечни извлекувања на 15 ваучери за спортска опрема во вредност од по 6.000 денари – на 12 јануари и на 2 февруари, додека Главното извлекување е закажано за 9 март и во него ќе учествуваат сите трансакции направени во четирите месеци на времетраењето на наградната игра. Најсреќните клиенти на Халкбанк можат да освојат некоја од вредните награди – 6 Гармин часовници, 4 Мобилни телефони и 5 Ваучери за велосипед.
Платежните картички се едни од најсовршените инструменти за плаќање во современото „безготовинско” општество. Сега, покрај брзината и едноставноста при плаќањата, со секоја трансакција можете да бидете чекор поблиску до освојување награди.
Пријавете се за учество во наградната игра и пазарувајте со својот најдобар пријател – вашата Mastercard платежна картичка издадена од Халкбанк. Активирај ја својата супермоќ и добиј можност да уживаш во супер награди!
Наградни игри
НЛБ Банка со голема наградна игра за станбени кредити „НЛБ за млади“


НЛБ Банка Скопје започнува промотивна кампања за НЛБ Станбените кредити, во рамките на која организира наградна игра „НЛБ за млади“. Наградната игра започнува од 1.03.2022, а ќе трае до 31.05.2022 година и нејзин главен фокус се токму младите на возраст до 40 години кои имаат желба да го решат своето станбено прашање. Со наградната игра Банката ќе додели 50 парични награди на износ од 20.000 денари кои ќе бидат уплатени на сметката на одобрениот НЛБ Станбен кредит за кој добитникот на наградата аплицирал за времетраење на наградната игра. (more…)
Наградни игри
Набавете зимска опрема за велосипедизам со HalkPay и GarminPay и учествувајте во наградната игра „Активирај Супермоќ“


Возењето велосипед има бројни придобивки по здравјето на човекот – се грижи за срцето и заштитува од кардиоваскуларни заболувања, помага за губење на килограми, но, исто така претставува и еколошко превозно средство кое ја заштитува животната средина. (more…)
Наградни игри
Извлечени првите добитници на награди од наградната игра „Освојувај награди со Mastercard“ на Халкбанк


Првите 15 добитници на ваучери за спортска опрема во вредност од по 6.000 денари во наградната игра на Халкбанк – „Освојувај награди со Mastercard“ веќе се извлечени. (more…)
- Кредитипред 2 months
Брз онлајн кредит – за пролетно чистење сметки
- Анализипред 2 months
Кои се петте најпрофитабилни македонски компании во 2021 година!?
- Кредитипред 3 weeks
Брзо и евтино решение за вашите финансиски потреби
- Домашни банкипред 2 months
Промени во Управниот одбор на Шпаркасе Банка АД Скопје
- Домашни банкипред 4 weeks
Комерцијална банка денес започнува со исплата на дивиденда за 2021 година, кој ќе се „офајди” најмногу!?
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје
- Банкипред 1 week
Огласи за вработување во Халкбанк АД Скопје