Connect with us

Наградни игри

Искористете ги супермоќите на Халкбанк и добијте вредни награди

Објавено

на

Претпоставуваме дека веќе слушнавте за големата наградна игра на ХалкБанк „Активирај Супермоќ“. Супермоќта на банката е да ви покаже како да си го олесните секојдневието со користењето на супермоќите, плаќање со HalkPay апликацијата, плаќање со Garmin часовник кога сте во движење и плаќање со Mastercard кредитните картички издадени од Халкбанк и притоа да станете потенцијален добитник на вредни награди во наградната игра која трае до 28 Февруари идната година.

Постојат три различни начини за отклучување на Вашата супермоќ, и тоа: правење на трансакции со кредитните картички Mastercard и правење на трансакции со користење на иновативните услуги на Банката – HalkPay и GarminPay. Секој таканаречен херој, кој ќе ја искористи својата супермоќ, потребно е да даде и своја согласност за учество во наградната игра на веб страната на Халкбанк АД Скопје. На тој начин се станува потенцијален добитник на една од вредните награди:

  • 45 ваучери за спортска опрема во износ од по 6.000 денари;
  • 6 часовници Гармин;
  • 4 мобилни телефони и;
  • 5 ваучери за велосипеди.

Ваучерите за спортска опрема ќе бидат извлекувани во три месечни извлекувања и тоа на 3 декември, 12 јануари и 2 февруари, додека пак останатите награди ќе бидат доделени на главното извлекување кое ќе се одржи на 9 март!

Да не заборавиме дека трансакциите преку HalkPay и GarminPay носат тројна шанса за учество, а исто така и дека во секое месечно извлекување учествуваат сите трансакции направени во претходниот месец, додека, пак, во главното извлекување, учествуваат сите трансакции направени за времетраење на наградната игра.

Последно, но не и помалку важно, е дека право на учество имаат сите полнолетни физички лица корисници на кредитните картички Mastercard издадени од Халкбанк кои ќе направат трансакција во периодот на времетраење на наградната игра како и оние ќе направат трансакции преку HalkPay и GarminPay. Сите останати информации за наградната игра, можете да ги пронајдете тука. И уште нешто, среќно!

Наградни игри

Наградна игра на УНИБанка – „КЕШБЕК ЗА ПОДОБРО РАСПОЛОЖЕНИЕ!“

Објавено

на

Наградната игра „КЕШБЕК ЗА ПОДОБРО РАСПОЛОЖЕНИЕ!“ е организирана од страна на УНИБанка АД Скопје. Наменета е за физички лица-корисници на дебитни картички од брендот Mastercard издадени од УНИБанка АД Скопје, а се спроведува на сите продажни места и во електронска трговија (плаќање на интернет) во Република Северна Македонија, каде се прифаќаат горенаведените картички. (more…)

Продолжи со читање

Наградни игри

Вистинско време за нов велосипед!

Објавено

на

Триглав Осигурување Живот АД Скопје во соработка со КБ Публикум инвест АД Скопје започна наградна игра при склучување на полиса за осигурување на живот, која е поврзана со вложување во инвестициски фонд Балансиран на КБ Публикум инвест. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Извлечени среќните добитници во големата наградна игра „НЛБ за млади“

Објавено

на

НЛБ Банка ги извлече среќните добитници во големата наградна игра за станбени кредити „НЛБ за млади“. Педесет (50) клиенти, на возраст до 40 години, на кои во периодот од 1 март до 31 мај годинава им се одобри станбен кредит од НЛБ Банка се среќни добитници на парична награда на износ од 20.000 денари. Средствата ќе бидат уплатени на сметката на одобрениот НЛБ Станбен кредит за кој добитникот на наградата аплицирал во промотивниот период. (more…)

Продолжи со читање


Популарно