Business Man
(ВИДЕО) ИРЛ: МАКЕДОНСКИТЕ ТРАНЗИЦИСКИ ТАЈКУНИ на списокот на сопственици на сметки во Credit Suisse


Трансициските тајкуни односно кралот на челикот и поранешен вицепремиер, како и еден од најголемите градители на проектот “Скопје 2014”, Минчо Јорданов и бизнисменот и основачот на империјата “Зегин”, Благој Механџиски се на списокот на сопственици на сметки во една од најстарите и најпознати швајцарски банки „Credit Suisse”, откри вчера „ИРЛ“ во новата епизода на „Редакција“.
Во документарецот изработен од тимот на новинари и филмски работници на Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ) емитуван на 20-ти февруари на МТВи Јутјуб каналот на ИРЛ под наслов „Швајцарски тајни”, беа обелоденети тајни за двајцата бизнисмени, кои со години се вбројуваат меѓу најбогатите Македонци.
Според магазинот “Forbes”, Минчо Јорданов со години важи за еден од најбогатите Македонци. Тајкун, олигарх, бизнисмен, сопственик на „АД Бетон”, фабриката „Факом”, поседува голем удел во „Макстил”, а исто така поседува и печатени медиуми како „Нова Македонија” и „Капитал”. Јорданов е сопственик на винаријата Стоби и на неколку хотели, а порано ја има извршувано функцијата вицепремиер.
Минчо Јорданов стои зад стечајот и приватизацијата на скопската Железарница, а две години по нејзиното приватизирање, тој ја отвара првата од осумте свои сметки во швајцарската банка „Credit Suisse” и ја користи во наредните две децении.
„Минчо Јорданов има вкупно осум трансакциски сметки во „Credit Suisse” отворени од 2000 до 2009 година. Не можеме да видиме колку вкупно пари имало целото тоа време, но она што може да се види на кој датум, која сметка имала максимална сума на пари и колкава е сумата. На пример кај Јорданов, максималната сума на една од сметките изнесува 14,7 милиони швајцарски франци. Има и други сметки по 5-6 милиони и така натаму“, се вели во документарецот.
Фото: ИРЛ
Благој Механџиски е сопственик на првиот приватен и најпрофитабилен ланец на аптеки „Зегин”. Тој во 2006 година со пари од контроверзните и осудени бизнисмени од Исланд, сопственици на компанијата „Milestone”, ги купува „Градски аптеки”, а потоа отпушта голем дел од вработените. Стечајот на „Градски аптеки” траеше од 2010 до 2021 година. Од јануари годинава целиот имот на ова некогашно јавно претпријатие, премунива во сопственост на компанијата „Зегин”, чијшто сопственик е Благој Механџиски.
„Не приватизираа преку ноќ и не фрлија на улица”, велат во документарецот неколкумина вработени во тогашната компанија „Градски аптеки”.
За Благој Механџиски, се посочува: „Тој има три трансакциски сметки во „Credit Suisse” и сите три се отворени во јануари 2007 година. На Механџски, најголемата максимална сума на една од сметките е 13,3 милиони швајцарски франци, а на другите две има околу пет милиони и три милиони“.
Сашка Цветковска, одговорен уредник во ИРЛ вели: „Овие луѓе се се најлошо, се што имаат направиме во оваа држава, целото нивно богатство, буквално се што имаат. И онака се однсувале многу лошо со системот кој неправедно ги наградил. Најбогатите луѓе кои ги стекнале сите пари благодарение на привилигиите овде, сепак одлучиле да ги чуваат надвор и да не плаќаат данок. Друго не знам“.
Фото: ИРЛ
Маја Јовановска, новинарка во ИРЛ во документарецот вели: „Всушност, првата финансиска инјекција поради која Зегин стаснува гиганотот кој го знаеме, доаѓа од озогласената исладнска инвестициска групација „Milestone”… Сопственици се двајца браќа… кои се осудени поради проневери за пари. Парите за кои се осудени ги опфаќаат и парите од инвестициите во Македонија. Една од нивните инвестиции е во Зегин кога купуваат 50 отсто од уделите на Механџиски за пет милиони евра. Направивме компаративна споредба на датумите и сфативме дека по само шест месеци од оваа инвестиција, Механџиски ги отвора сметките во „Credit Suisse”. На една од тие сметки ќе се појават 5 милиони швајцарски франци“.
Во документарецот се зборува и како Минчо Јорданов имал сметка во странство, иако во тоа време, имало забрана македонски државјани да имаат сметки во странство ако немаат работна дозвола или не се резидентни граѓани.
Business Man
Членот на Надзорниот одбор Горан Антевски купи нови 400 акции од Комерцијална банка АД Скопје
Business Man
Руски банкар ја осуди „безумната“ војна во Украина


Рускиот милијардер и банкар Олег Тинков, основачот на интернет-банката „Tinkoff Bank“, на Инстаграм ја осуди оваа „безумна“ руска војна во Украина. (more…)
Business Man
НОВА ГОЛЕМА КРИЗА НА ПОВИДОК!? – Бил Гејтс ги продава акциите, знае ли нешто што другите не го знаат?


Бил Гејтс предизвика внимание со некои од неговите последни потези на берзите – тој продава голем дел од своите акции и го менува фокусот на инвестициите, што дел од експертите го гледаат како сигнал за нова можна криза на финансиските пазари. (more…)
- Кредитипред 2 months
Брз онлајн кредит – за пролетно чистење сметки
- Анализипред 2 months
Кои се петте најпрофитабилни македонски компании во 2021 година!?
- Кредитипред 3 weeks
Брзо и евтино решение за вашите финансиски потреби
- Домашни банкипред 2 months
Промени во Управниот одбор на Шпаркасе Банка АД Скопје
- Домашни банкипред 4 weeks
Комерцијална банка денес започнува со исплата на дивиденда за 2021 година, кој ќе се „офајди” најмногу!?
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје
- Банкипред 1 week
Огласи за вработување во Халкбанк АД Скопје