Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Странски банки

Иранци испрале пари преку Нова Љубљанска Банка (НЛБ) во вредност од милијарда долари

Објавено

на

Словенечката служба за спречување на перење пари започна истрага по наводите на опозициските партии дека најголемата државна банка Нова Љубљанска Банка (НЛБ) прикривала пари од Иран, со што го крши меѓународното ембарго и не ги применува прописите за финансирање на тероризмот.

 

НЛБ, како што пренесуваат медиумите од Словенија, помеѓу 2008 и 2010 година испрала близу една милијарда евра од Иран.

Министерството за финансии потврди, како одговор на барањето на Службата за спречување на перење пари, кои пратија прашања во повеќе од 30 земји во врска со спорните трансакции. Врз основа на верификацијата, било утврдено дека постои основа за сомневање дека се нарушени законите.

Во центарот на скандалот е британско-ирански државјанин Ирај Фарокџадех, кој отворил сметки во банката во декември 2008 година за компанијата Farokh Ltd, откако швајцарските власти му ги затвориле сметките во банката УБС.

Се претпоставува дека ги префрлил парите од Иранската извозна и развојна банка (EDBI), која се најде под санкции и на црната листа на ЕУ. Во тоа време Фарокџадех бил на листата на најбарани на Интерпол.

Странски банки

Историски најголем пад на акциите на Deutshe Bank

Објавено

на

Акциите на германскиот банкарски гигант “Deutsche Bank” доживеаа пад за 3 проценти, достигнувајќи најниска вредност во историјата, неколку дена пред годишната конференција. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Пет банкaрски гиганти ќе платат казна од 1 милијарда евра

Објавено

на

Европската комисија (ЕК) објави дека казнила пет банкарски гиганти со 1,07 милијарди евра за учество во картели, пренесува „Спутник“. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Испечатиле 46 милиони банкноти и дури потоа виделе дека има печатна грешка!

Објавено

на

Австралиската централна банка преземала одговорност за отштампаната грешка на 46 банкноти, откако една радио станица објави на друштвените мрежи дека на банкнотите има микроскопска грешка. (more…)

Продолжи со читање
Unibanka_banner_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange