Connect with us

Останато

„Информирај се паметно“ – едукативна кампања со информации за пензискиот систем

Објавено

на

Правилното и навремено информирање на сегашните, но и идните пензиски осигуреници за функционирањето на пензискиот систем и работењето на пензиските фондови е главниот фокус на информативно-едукативната кампања „Информирај се паметно“ што ја спроведуваат трите пензиски друштва Сава пензиско друштво а.д. Скопје, КБ Прво пензиско друштво АД Скопје и Триглав пензиско друштво АД Скопје во соработка со Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС).

Кампањата, која официјално почнува од денеска, има за цел да го подигне нивото на информираност кај граѓаните за функционирањето на реформираниот пензиски систем и работата на трите пензиските друштва, но и да ги разјасни евентуалните дилеми на граѓаните поврзани со пензискиот систем. Притоа, акцентот на оваа кампања се става на едуцирањето на младите кои се пред влез во задолжителното социјално осигурување веднаш по своето прво вработување.

Според законската регулатива, oсигурениците кои првпат пристапуваат во задолжително пензиско и инвалидско осигурување по 1 јануари 2019 година и на датумот на пристапувањето се помлади од 40 години, должни се да се зачленат и да плаќаат придонеси во задолжителен пензиски фонд (втор столб) по сопствен избор.

Кај овие нововработени, кои ќе бидат членовите на задолжителниот пензиски фонд (вториот столб) од вкупно 18,4% од придонесот за пензиско осигурување од бруто-платата, 12,4% се уплатуваат во Фондот за ПИОСМ, а 6% се уплатуваат во задолжителниот пензиски фонд од вториот столб, на индивидуалната пензиска сметка на осигуреникот. Тие и сите други граѓани го имаат на располагање и третиот столб, доброволното пензиско осигурување, каде средствата може да се уплатуваат индивидуално или пак ги уплатува работодавецот на пензиската сметка на членот, со цел да се акумулира дополнителна пензија.

Сите информации поврзани со функционирањето на пензискиот систем, членството во пензиските фондови и со остварените резултати на пензиските друштва може да се најдат на интернет-страницата www.penzija.mk.

Извор на податоци и Супервизор на капитално финансирано пензиско осигурување е Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) (02) 3224 229, www.mapas.mk.

Останато

Комерцијална банка – нов спонзор на РК Вардар 1961

Објавено

на

Ракометниот шампион на Македонија и сеуште актуелниот Европскиот ракометен шампион – РК Вардар 1961 непосредно пред настапот на Струшкиот турнир го објави дресот за претстојната сезона. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Месечните примања на работниците во Германија намалени за 2,2 отсто

Објавено

на

Бруто месечната заработка на работниците со полно работно време или скратено работно време во Германија во просек е 2,2 проценти пониска во вториот квартал во однос на истиот период лани, покажуваат податоците на Федералното биро за статистика. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Извршниот директор на Apple, Тим Кук влезе во клубот на милијардери

Објавено

на

Извршниот директор на „Apple“, Тим Кук влезе во клубот на милијардери, откако вредноста на акциите на технолошката компанија продолжува да ја зголемува својата вредност. (more…)

Продолжи со читање

Популарно