Connect with us

Домашни банки

Информација од НЛБ Банка за исплата на парична помош од социјална и детска заштита

Објавено

на

Согласно моменталните случувања со пандемијата на Корона вирусот, со цел да излезе во пресрет на потребите на своите клиенти, НЛБ Банка од 2.6.2020 година (вторник) започнува со исплата на парична помош од социјална и детска заштита.

Во насока на поголема заштита и намалување на гужвите во експозитурите, од утре, 2.6.2020 година (вторник) , клиентите ќе можат да ги подигнат средствата од парична помош од социјална и детска заштита на банкоматите во секое време, додека исплатата во експозитурите на Банката ќе се реализира согласно определен редослед. Распоредот е направен по азбучен редослед, според првата буква од презимето на корисниците и тоа:

–  2 јуни (вторник) – А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ;

–  3 јуни (среда) – И, Ј, К, Л, Љ, М, Н, Њ, О;

–  4 јуни (четврток) – П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш.

Со цел заштита на здравјетo, од НЛБ Банка препорачуваат средствата првенствено да се користат за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство. Доколку клиентите имаат потреба од готовина, од Банката препорачуваат подигнувањето на средства да се врши на банкомат.

При посета на експозитура, НЛБ Банка ги замолува клиентите да ги почитуваат превентивните мерки, да носат заштитна маска, да чекаат ред на обележаните места и да држат растојание од 2 метри со останатите клиенти и вработените во НЛБ Банка.

Домашни банки

Награда од “Commerzbank” за Стопанска банка АД – Скопје

Објавено

на

Стопанска банка АД – Скопје е добитник на наградата од „Commerzbank“, за 2019 година, за одличен квалитет при обработката на комерцијалните плаќања и финансиските трансфери. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

Која банка има најраспространета мрежа на експозитури и филијали?

Објавено

на

Во текот на денешниот ден ја анализираме мрежата на експозитури и филијали на вкупно 14 банки од земјава. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Граѓаните користејќи домашна платежна картичка потрошиле 10,7 милиони евра

Објавено

на

Заклучно со 8-ми јули во земјава има активни 187.768 домашни платежни картички, а граѓаните со домашните платежни картички потрошиле 10,7 милиони евра и реализирале преку 660.000 трансакции. (more…)

Продолжи со читање

Популарно