Connect with us

Форекс

Информацијата дека нема да исплаќа дивиденда, ја „сруши” вредноста на акцијата на Стопанска банка АД Скопје

Објавено

на

Иако, се чинеше дека вирусот Ковид-19 веќе е стабилизиран и дека кризата се надминува, сепак најновите случувања го тврдат токму спротивното. Коронавирусот повторно зема замав, се зголемува бројот на новозаболени со секој изминат ден, неизвесноста е огромна, како за идните случувања поради корона кризата, така и поради неизвесноста околу одржувањето на предвремените парламентарни избори.

Сите овие информации ги колебаат инвеститорите да се одлучат за поголеми вложувања на Македонската берза. Акциите кои котираат на берзата ја стабилизираа својата вредност, но изминатиов период нема поголеми измени, а и тргувањето е намалено.

Но, има и други информации кои влијаат врз вредноста на акциите на котираните друштва.

На последниот ден за тргување на Македонска берза, драстичен пад на вредноста забележаа акциите на Стопанска банка АД Скопје како резултат на информацијата дека Банката нема да исплати дивиденда на акционерите и покрај високата добивка во износ од 38,6 милиони евра остварена изминатата година.

Стопанска банка АД Скопје забележа пад на вредноста за високи 9,20 проценти. Пад на вредноста забележаа и акциите на ОКТА АД Скопје намалувајќи ја својата вредност за 1,79%, како и акциите на Алкалоид АД Скопје, кои ја намалија вредноста за 0,90%.

Минимален незначителен пад на вредноста забележаа акциите на Гранит АД Скопје и Макпетрол АД Скопје.

На последниот ден за тргување имаше и компании кои забележаа раст на вредноста на акциите. Најголем пораст на вредноста забележаа акциите на Макстил АД Скопје кои ја зголемија вредноста за 4,89%.

Минимален пораст на вредноста забележаа и банкарските акции на НЛБ Банка АД Скопје од 1,23%, како и на Комерцијална банка АД Скопје, кои ја зголемија вредноста за 0,30%.

Според официјалниот среден курс на Народната банка на Македонија, денеска денарот спрема еврото има вредност од 61.6953 денари.

Курсот на денарот спрема доларот е на ниво од 55.5013 денари, британската фунта изнесува 68.8026 денари, додека пак швајцарскиот франк е 57.7347 денари.

Форекс

Новите измени на Правилата за котација на Македонска берза, тема на три работилници со котираните компании

Објавено

на

На 22 и 23 септември, преку online платформата ZOOM, Берзата организираше три работилници на кои беа поканети сите 100 котирани компании во врска со имплементацијата на новите измени на Правилата за котација. Целта на работилниците беше детална презентација и дополнителни појаснувања поврзани со новите Правила за котација што стапија на сила на 21 септември. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

Инвеститорскиот ден ги однесе акциите на Македонска берза во зелена зона

Објавено

на

Кризата предизвикана од вирусот Ковид-19 полека но сигурно се наминува, а за Македонската берза може да се каже дека таа е веќе минато. Акциите кои котираат на берзата ја стабилизираа својата вредност, по високиот пад што го бележеа додека коронавирусот енормно ги рушеше сите светски берзи, вклучително и нашата. (more…)

Продолжи со читање

Форекс

Што донесе „Инвеститорскиот ден” на Македонска берза?

Објавено

на

На „Инвеститорскиот ден“ на Македонска берзата кој се одржа на 18.09.2021 година по повод 25 години од основачкото собрание на Берзата, се склучија вкупно 339 трансакции што е убедливо најголем број на трансакции од јуни до денес. Вториот најголем број на трансакции на дневно ниво во овој период е 169, а просечниот дневен број на трансакции изнесува 62 трансакции. (more…)

Продолжи со читање

Популарно