Connect with us

Домашни банки

Информации од Стопанска банка АД – Скопје за домашната платежна картичка „Купувам домашно“

Објавено

на

Стопанска банка АД – Скопје, како системска банка, активно ќе биде вклучена во спроведувањето на проектот „Купувам домашно“ кој произлегува од Уредбата со законска сила за финансиска поддршка на граѓани и на вработени лица со низок доход, млади лица и здравствени работници преку издавање домашна платежна картичка наменета за купување на македонски производи и услуги за време на вонредна состојба.

Клиентите е потребно да ги следат неколкуте чекори за да добијат информација за својот статус.

1. На www.kupuvamdomasno.gov.mk може да се информираат од која банка ќе ја добијат картичката, како и за тоа за кој износ на финансиска поддршка се квалификувале.

2. Најдоцна до четврток 11.6.2020 година Банката на својата интернет страница ќе го објави сервисот преку кој лицата што се распоредени за издавање на домашна картичка преку Стопанска банка ќе можат да проверат (со својот ЕМБГ) на кој датум, во која филијала и во кој термин картичката ќе биде достапна за преземање. За оваа цел, на клиентите што имаат пријавено мобилен телефон во Банката, ќе им биде испратен и СМС со терминот и со филијалата за подигнување на картичката.

Клиентите кои немаат интернет пристап, терминот и филијалата определени за подигнување на нивната картичка ќе можат да ги проверат во 24/7 контакт центарот на (02)3100109, почнувајќи од 11. 6. (четврток).

3. Апелираме клиентите да се придржуваат до определениот термин (датум, време и филијала) за подигнување на картичките со цел избегнување на метежот и нивна поголема заштита во овие вонредни услови. Клиентите задолжително со себе треба да понесат важечки документ за лична идентификација!

4. Издавањето на картичките Банката ќе го врши во наменски определени филијали (во градовите каде СБ е застапена со повеќе филијали) или со посебен временски режим на работа за оваа намена (во градовите каде што Банката има една филијала), за што детални информации ќе бидат објавени најдоцна до 11.06.2020 година.

Домашни банки

НЛБ Банка со известување за предвремена исплата на септемвриските пензии

Објавено

на

НЛБ Банка ги известува своите клиенти – пензионери дека ќе ги исплати септемвриските пензии на 28 – ми септември (понеделник). (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Стопанска банка а.д. Битола со известување за исплата на пензии и социјална помош за месец септември

Објавено

на

Стопанска банка а.д. Битола ги известува своите клиенти – пензионери дека исплатата на пензиите за месец семптември, ќе се изврши во 4 групи во сите отворени експозитури на банката, согласно следниот распоред составен според висината на нивната пензија: (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Стопанска банка АД – Скопје со известување за предвремена исплата на септемвриските пензии

Објавено

на

Имајќи ги во превид препораките и засилените мерки за заштита од ширење на COVID – 19, Стопанска банка АД – Скопје ги известува своите клиенти-пензионери дека пензиите за месец септември од фондот на ПИОМ ќе бидат предвреме процесирани при што ќе се спроведе готовинска исплата во етапи, со цел да се намали концентрација на пензионери во филијалите и да се овозможи поголема заштита на оваа категорија клиенти. (more…)

Продолжи со читање

Популарно