Connect with us

НБРМ

Информативно-едукативна брошура „Запознајте ја Народната банка на Република Северна Македонија“

Објавено

на

Народната банка објави нова информативно-едукативна брошура „Запознајте ја Народната банка на Република Северна Македонија“, што содржи низа информации за работењето на централната банка и за нејзините основни цели и задачи, како и објаснување по што таа се разликува од другите институции.

Брошурата нуди краток и едноставен приказ на работењето на Народната банка, ставајќи акцент на сите постојни можности за отвореност на институцијата и информирање на населението.  Во неа се опфатени значителен дел од активностите на Народната банка, при што преку илустриран приказ, едноставен јазик и мноштво интересни факти се обезбедува поголема информираност на јавноста за различни аспекти од нејзиното работење.

Публикацијата е наменета за пошироката јавност и е достапна во електронски формат.

“Објавувањето на брошурата е дел од нашите најнови активности во сферата на финансиската едукација и од активностите за унапредување на транспарентноста во нашето работење”, порачуваат од Народна банка.

НБРМ

Продолжува трендот на намалување на каматните стапки на кредитите

Објавено

на

Каматната стапка на кредитите во мај просечно изнесува 4,83 отсто и претставува продолжување на трендот на намалување од 0,03 процентни поени на месечно и 0,37 процентни поени, покажуваат објавените податоци на Народната банка. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Народната банка го објави конкурсот за Годишната награда за млади истражувачи за 2021 година

Објавено

на

Народната банка го објави конкурсот за Годишната награда за млади истражувачи за најдобар труд од областа на макроекономијата и банкарството за 2021 година. Наградата се доделува заради поттикнување на развојот на научната мисла и изработка на трудови од областа на макроекономијата и банките и банкарските системи, како и афирмација на млади и стручни кадри. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

ММФ: Стабилниот денар е клучно сидро на макроекономските политики

Објавено

на

Режимот на де факто фиксен девизен курс на денарот во однос на еврото е нешто што е корисно за земјата веќе неколку децении, претставувајќи клучно сидро на макроекономските политики. Знаеме дека НБРСМ останува силно посветена на одржување на стабилноста на девизниот курс. (more…)

Продолжи со читање

Популарно