Connect with us

Останато

Инфлацијата во Црна Гора достигна рекордни 14,9 проценти

Објавено

на

Потрошувачките цени во Црна Гора се зголемени во јули за високи 14,9 проценти на годишно ниво, покажуваат новите прелиминарни податоци на Управата за статистика, „МонСтат”.

Ова е исто така нова рекордна вредност од 2008 година, кога „МонСтат” го објавува индексот на потрошувачките цени како меѓународна мерка за инфлација, како и од воведувањето на еврото во Црна Гора во 2002 година, кога движењето на цените на мало беше искористено за пресметување на инфлацијата.

Ова е четврти месец по ред како Црна Гора бележи таканаречена галопирачка инфлација, односно двоцифрен раст на потрошувачките цени на годишно ниво.

Според новите податоци, од јули минатата година до истиот месец во 2022 година, најдрастично поскапување е забележано кај цврстите горива, за 49,9 проценти, потоа нафтата за 37,6% и зеленчукот за 35,8 отсто.

Истовремено поскапеле лебот и житариците за 33,3 отсто, горивото за 32,2 отсто, млекото и јајцата за 29,3 отсто, услугите за сместување за 29 отсто, одржувањето на становите за 25,3 отсто, а медот и шеќерот за 22,6 отсто.

Значителен раст забележаа и цените на месото (16,6%), овошјето (14,1%), патниот транспорт (13,4%) и ресторанските услуги (10,3%).

Од друга страна, најмногу паднале водоснабдувањето, за 7,5 проценти, туристичките аранжмани за пет отсто, канализацијата за 4,8% и аудио-видео опремата за 4,5 отсто.

На месечна основа, растот на инфлацијата во Црна Гора во јули изнесува 1,5 проценти.

Во периодот јануари-јули годинава, во однос на истиот период од 2021 година, потрошувачките цени се зголемени за 10,5 проценти.

Останато

Пензионерите добиваат повисоки пензии за 6,8 проценти

Објавено

на

Со септемвриската пензија околу 330 илјади пензионери во државата добиваат повисоки пензии за 6,8 проценти, согласно новата методологија воведена со последните измени во Законот за пензиското и инвалидското осигурување, кои стапија на сила во март 2022 година. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Годишната стапка на инфлација во Белгија 11,27 проценти, највисоко ниво во последните 50 години

Објавено

на

Годишната стапка на инфлација во Белгија се искачи на 11,27 проценти во септември, што е највисоко ниво во последните 50 години, покажуваат официјалните податоци. (more…)

Продолжи со читање

Останато

МФ: Владата обезбеди 250 милиони евра со поволни услови преку германски хартии од вредност

Објавено

на

Владата донесе одлука за издавање хартии од вредност на германскиот пазар, обврзница позната како „Namensschuldverschreibungen”, односно NSV, во износ од 250 милиони евра. Како што соопшти Министерството за финансии (МФ), средствата ќе се искористат за отплата на стари долгови кои доспеваат и за финансирање на буџетски потреби. (more…)

Продолжи со читање

Популарно