Останато
Инфлацијата во Хрватска највисока во последните 14 години

Цените на стоките и услугите за лична потрошувачка мерени со индексот на потрошувачките цени во Хрватска во март се зголемија во просек за 7,3 проценти во споредба со истиот месец минатата година, што е највисока инфлација од 2008 година, соопшти Централното биро за статистика.
Споредбено со февруари потрошувачките цени во Хрватска се во просек повисоки за 2,1 проценти, а во првиот квартал од годинава, во однос на истиот период лани, цените се во просек повисоки за 6,4%.
Цените на прехранбените производи, во кои се вклучени безалкохолните пијалаци, а кои сочинуваат четвртина од потрошувачката кошничка, пораснаа за 10,3 проценти на годишно ниво и имале најголем придонес во годишната стапка на раст на индексот (+ 2,8 процентни поени).
Цените на транспортот првенствено поради цените на горивата, очекувано пораснале за 14,4 отсто, што придонело за поскапување од 2,12 процентни поени, додека цените на режиските трошоци за домување како водата, струјата, гасот и другите горива пораснале за 0,64 процентни поени или со годишен раст од 3,8 отсто.
Во однос на февруари најмногу поскапеле облеката и обувките во просек за 12,2 отсто, транспортот за 5,3 отсто, а услугите во рестораните и хотелите за 1,8 отсто.
„Со претходно присутните инфлациски притисоци генерирани од растот на цените на енергијата и храната, во сегашното опкружување на геополитички конфликти и екстремна неизвесност за времетраењето и исходот, инфлаторните притисоци сега стануваат се посилни. Иако Владата презеде одредени мерки поради поскапувањето на енергенсите за ублажување на влијанието врз потрошувачите, неизбежно е прелеаното влијание од цените на енергијата и храната од светските пазари”, велат аналитичарите на „Рајфајзен” банката.
Останато
Користењето на вештачка интелигенција е секојдневие во работењето на ИутеКредит

Креирањето на исклучително корисничко искуство на нашите клиенти е мисијата на Иуте Кредит. Како напредна финтек компанија користиме напредни технологии во секојдневното работење особено при услужувањето на клиентите. Нашата мобилна апликација Мој Иуте (MyIute), достапна и преку нашата веб страна, овозможува целосно самоопслужување, независност и дискреција. (more…)
Останато
Дури 40% онлајн продавници во ЕУ користат манипулативни техники

Од 399 онлајн продавници кои властите на Европската унија ги контролираа во претходниот период, дури 148 учествуваат во манипулативен бизнис, соопшти Европската комисија. (more…)
Криптовалути
КРИПТОВАЛУТИТЕ СЕ ПОВТОРНО ИН – Биткоинот порасна за 40% во јануари!

Големите инвеститори повторно почнаа да вложуваат во криптовалути по еден месец на масовен раст на биткоинот од 40 проценти во јануари оваа година. Инвеститорите забележаа прилив од над 117 милиони долари минатата недела, најголем неделен пораст од јули минатата година, според податоците на „CoinShares“. (more…)
- Анализипред 3 days
ТЕШКА ГОДИНА – РЕКОРДНИ ПРОФИТИ: Трите најголеми македонски банки со добивка од 117 милиони евра во 2022 година
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Депозитипред 1 month
Халкбанк АД Скопје ги зголеми каматните стапки за физички лица на сите депозитни производи
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во ТТК Банка АД Скопје
- Интервјуапред 2 weeks
Очекувања 2023 година | МИЛКА ТОДОРОВА, УНИБанка АД СКОПЈЕ
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје
- Домашни банкипред 4 weeks
Комерцијална банка воведе услуга за електронска идентификација на клиенти без посета на шалтер