Connect with us

Останато

Инфлацијата во Хрватска во декември достигна 5,5 проценти, што е најмногу од 2008 година

Објавено

на

Инфлацијата во Хрватска во декември минатата година е зголемена за 5,5 проценти на годишно ниво, додека во цела 2021 година е зголемена за 2,6% во однос на претходната година, покажуваат денешните податоци на Државниот завод за статистика (ЦБС).

Декемвриската годишна стапка на инфлација е највисока од октомври 2008 година, кога изнесуваше 5,9 проценти.

Во однос на ноември, цените на стоките и услугите за лична потрошувачка во Хрватска во декември се задржале во просек на исто ниво.

На годишна основа, во последниот месец од минатата година, најмногу поскапеле превозот и тоа за 11,4 отсто, што во најголем дел се должи на растот на цените на горивата од 22,5 отсто на годишно ниво.

Цените на храната, кои имаат значително учество во потрошувачката кошничка, го продолжија растот што го почнаа во јули и во просек во декември на годишно ниво беа повисоки за 8,1%.

Останато

СЕФФ: Преку концептот зелена економија до отпорна економија со забрзан раст

Објавено

на

Природните непогоди поврзани со климатски промени го намалуваат растот за 0,4 процентни поени во просек, додека кај помалку развиените економии и до 0,7 процентни поени, покажуваат пресметките на Меѓународниот монетарен фонд. Проценките се дека во претстојниот период негативниот ефект ќе биде уште поголем, особено кај помалку развиените економии, што укажува дека од особено значење е да се имаат предвид климатските промени при креирањето на идни економски политики. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Бесими: Ребалансот е одговор на кризата, предвидува кратења, но и додавања

Објавено

на

Ребалансот е одговор на кризата која не можеше да се предвиди во перидот кога се подготвуваше Буџетот за 2022 и во него, освен кратења, има и додавања, но и реприоретизирање на средствата, рече денеска министерот за финансии Фатмир Бесими. (more…)

Продолжи со читање

Криптовалути

Кристин Лагард: Криптовалутите се безвредни, тие не се засноваат на ништо!

Објавено

на

Претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ) Кристин Лагард верува дека криптовалутите не вредат ништо, дека се целосно безвредни. (more…)

Продолжи со читање


Популарно