Останато
ИНФЛАЦИЈАТА ВО ТУРЦИЈА РУШИ РЕКОРДИ – достигна до неверојатни 80%!


Годишната инфлација во Турција порасна побавно од предвиденото во јули, но остана блиску до 80 проценти, покажаа денешните официјални податоци.
Потрошувачките цени се зголемија минатиот месец за 79,6 проценти во однос на претходната година од јунското ниво од 78,6%, соопшти турскиот статистички институт (ТуркСтат).
Ова е највисоката стапка на инфлација во Турција од 1998 година.
Економистите во анкетите процениле дека индексот на потрошувачките цени (CPI) ќе достигне 80% во јули.
Владата вети дека ќе ја намали инфлацијата со спроведување на нова економска програма, која фаворизира ниски каматни стапки за зголемување на производството и извозот и има за цел да постигне суфицит на тековната сметка на земјата.
Претседателот Реџеп Тајип Ердоган рече дека очекува вртоглаво зголемените цени наскоро да почнат да паѓаат и дека до февруари-март следната година ќе се спуштат на „соодветно“ ниво.
Останато
Бесими: Не ни треба триумфално решение, туку најоптимално решение за прогресивниот данок


Низ дебата сакаме да дојдеме до најоптималното решение за прогресивниот данок. Не сум да одиме со триумфално решение, туку со решение прифатливо од сите, вели министерот за финансии Фатмир Бесими во интервјуто за МИА. (more…)
Останато
Инфлацијата во Хрватска достигна рекордни 12,3 проценти


Потрошувачките цени во Хрватска во јули пораснаа 12,3 проценти во однос на истиот месец минатата година, што претставува највисока стапка на инфлација откако Државниот завод за статистика (ДЗС) ги евидентира податоците. (more…)
Останато
Бесими за МИА: И да не отворевме дебата за даночните реформи, има закони кои стапуваат во сила од 1 јануари


И да не ја отворевме дебатата за даночните реформи, има законски решенија кои стапуваат во сила од 1 јануари 2023 година, како што се за оданочувањето на приходите над милион денари годишно и оданочувањето на каматите на депозитите, вели министерот за финансии Фатмир Бесими во интервјуто за „МИА”. (more…)
- Останатопред 4 weeks
УЈП со важно соопштение за сите кои ја користат апликацијата „Мој ДДВ“
- Кредитипред 3 weeks
Онлајн кредити до 180.000 ден. – за сите изненадувања во животот
- Депозитипред 2 months
Стопанска банка АД – Скопје ги зголеми каматните стапки на денарските и девизните депозити
- Кредитипред 2 months
Ова лето можеш сè
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Интервјуапред 2 months
Интервју ПАЛЧЕВСКИ: Пантелеон ГС има сериозна намера да остави значаен белег на домашниот пазар преку креирање на нови вредности
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во ТТК Банка АД Скопје
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје