Останато
Инфлацијата во Турција на највисоко ниво во последните две децении – во јануари беше 48,69 проценти


Инфлацијата во Турција во јануари беше 48,69 проценти, што ја означува највисоката стапка на инфлација од средината на 2002 година, непосредно пред доаѓањето на власт на владејачката партија на претседателот Реџеп Таип Ердоган.
Оваа инфлација е резултат на поскапувањата на струјата, природниот гас и патарините на почетокот на оваа година.
Турскиот институт за статистика (ТуркСтат) соопшти дека инфлацијата во јануари е зголемена за 11,1 проценти во споредба со претходниот месец.
Производните цени, исто така, значително се зголемени, при што годишната инфлација минатиот месец изнесуваше 93,53 проценти, соопшти „Турк Стат”.
Транспортот, храната и опремата за домаќинството се меѓу ставките што забележаа најголеми зголемувања од година во година, соопшти Институтот.
Турската економија веќе со месеци наназад се бори со падот на вредноста на националната валута – лирата, високата невработеност и покачувањето на цените, што, исто така, носи големи оптоварувања за домаќинствата.
Турската централна банка дозволи неверојатни 500 поени намалување на клучните каматни стапки и покрај високата инфлација во текот на 2021 година, со што ја турна лирата на рекордно ниско ниво.
Останато
Од 28-ми започнува етапната исплата на јунските пензии


Владата на Република Северна Македонија на последната седница ја усвои Информацијата за исплата на пензии за месец јуни 2022 година со задолжување на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 27 јуни. (more…)
Останато
Инфлацијата во Велика Британија највисока во последните 40 години


Инфлацијата во Велика Британија се зголеми на 9,1 проценти на годишно ниво во мај, што е највисоко во изминатите 40 години, покажува извештајот објавен од Националната канцеларија за статистика на Обединетото Кралство. (more…)
Останато
Економиите на САД и ЕУ во пад, расте ризикот од глобална рецесија


Економиите на САД и на Европската Унија покажуваат значаен пад во јуни, како резултат на порастот на цените за храната, цените на енергенсите и намалената побарувачка на останатите производи и услуги. Со тоа се зголемува ризикот за глобална рецесија. (more…)
- Кредитипред 2 months
Брзо и евтино решение за вашите финансиски потреби
- Кредитипред 4 weeks
Брз и евтин кредит – прва помош за вашиот паричник
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 1 month
Огласи за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје