Анализи
ИНФЛАЦИЈАТА ВО СЕПТЕМВРИ 3,7 проценти – Цените на мало се зголемиле за 5,6 отсто

Трошоците на животот во септември годинава, во однос на септември минатата година бележат зголемување од 3,7 проценти, а цените на мало од 5,6 отсто, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Трошоците на животот во септември во споредба со претходниот месец се помали за 0,1 проценти, а цените на мало за 0,5 проценти.
Намалување на индексите на трошоците на животот е забележано кај свежото и разладеното овошје за 4,4 проценти и млекото за 0,3 проценти.
Исто така, намалување на трошоците на животот е забележано и кај воздухопловниот патнички транспорт за 9,4 проценти, туристичките пакет-аранжмани за 9,3 проценти, услугите за сместување за 3,3 отсто, книгите за 1,2 проценти, накитот, часовниците и рачните часовници за 0,9 проценти, информатичката опрема за обработка на податоците за 0,6 проценти, опремата за прием, снимање и репродукција на звук и слики, електричните апарати за лична хигиена за 0,5 проценти, обувките за 0,3 проценти и моторните возила за 0,2 проценти.
Пораст на трошоците на животот во септември има кај свежиот и разладениот зеленчук, освен компирите и другите коренести плодови за 2,5 проценти, пивото за 0,7 проценти, рибата и морските плодови за 0,4 проценти, маслото и маснотиите, мебелот и покуќнината за 0,2 проценти.
Во септември пораст на трошоците на животот е забележан и кај медиумите за снимање за 3,1 проценти, канцеларискиот материјал и материјалите за цртање за 2,9 проценти, гасот за домаќинствата за 2,2 проценти, фотографската и кинематографската опрема и оптичките инструменти за 1,3 проценти, цврстите горива за домаќинствата за 1,2 проценти, игрите, играчките и хобијата за 1 проценти, поправките на мебелот, покуќнината и покривките за подот, горивата и мазивата за сопствените превозни средства за 0,8 проценти, течните горива за домаќинствата, поправките на апаратите за домаќинствата, другите медицински производи за 0,7 проценти, велосипедите, градините, растенијата и цвеќињата, фризерските салони и центрите за разубавување за 0,6 проценти, текстилот за домаќинствата, малите алатки и останатите додатоци за 0,3 проценти, материјалите за одржување и поправки на живеалиштето, големите електрични апарати за домаќинствата, малите електрични апарати за домаќинствата, фармацевтските производи, рестораните и кафулињата за 0,2 проценти.
Анализи
Најдобри совети како да го реновирате вашиот дом во рамките на буџетот

Домот треба да биде наше засолниште, но и среќно место каде ќе се релаксираме на крајот од напорниот ден и ќе креираме семејни спомени со нашите најмили. Токму затоа, секој од нас сака да создаде што поудобна и попријатна атмосфера во него. Една од причините поради која може да се одлучите да го реновирате домот е желбата да го направите подобро место за живеење или едноставно сакате промена и свежина во домот. (more…)
Анализи
Каде и колку купуваат онлајн Македонците со платежните картички во странство?

Асоцијацијата за е-трговија на Македонија – АЕТМ направи анализа на објавените податоци од Народната Банка на Република Северна Македонија, од каде што може да се увиди дека Македонците за купување производи и услуги со платежни картички кон странски е-трговци во 2022 година потрошиле 156.2 милиони евра што што претставува пораст од 46,31% во однос на минатата година и учество од 28% од вредноста на вкупните онлајн трансакции. Ослободувањето на мерките поврзани со пандемијата секако се одрази на е-трансакциите кон странските земји, посебно поврзани со патувања и трансакции за авио-билети и резервации на хотели онлајн. (more…)
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Стопанска Банка а.д. Битола
- Платежни картичкипред 1 month
VISA TRAVEL – нова кредитна платежна картичка на Халкбанк АД Скопје
- Домашни банкипред 1 month
ПРВ КВАРТАЛ ОД СОНИШТАТА ЗА КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА – добивката зголемена за речиси 100%!
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Шпаркасе Банка АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје