Connect with us

Останато

Инфлацијата во ЕУ во април изнесувала 8,1%, во еврозоната 7,4 проценти

Објавено

на

Потрошувачките цени во Европската унија во април се зголемиле за 8,1% на годишно ниво од 7,8 проценти во март, покажуваат денешните конечни податоци на Евростат.

Стапката на инфлација во еврозоната во април изнесувала 7,4 проценти на годишно ниво, што е непроменето во однос на март, објавено е на веб-страницата на статистичката агенција на ЕУ.

На месечно ниво, инфлацијата во ЕУ во април пораснала за 0,8%, а во еврозоната за 0,6%.

Меѓу земјите-членки на 27-члениот блок, највисоки годишни стапки на инфлација минатиот месец се регистрирани во Естонија (19,1%) во Литванија (16,6%), а најниски во Франција и Малта, по 5,4 проценти во двете земји.

Во април девет земји на ЕУ немале двоцифрена годишна стапка на инфлација.

Останато

Рекордна инфлација од 14,4 проценти во Босна и Херцеговина

Објавено

на

Инфлацијата во Босна и Херцеговина во мај достигна 14,4 проценти во однос на истиот месец во 2021 година, што претставува највисоко ниво во историјата. (more…)

Продолжи со читање

Криптовалути

South Side Cocktail Bar – првиот крипто бар во Македонија

Објавено

на

South Side Cocktail Bar е прв и единствен крипто коктел бар во Македонија, сместен во срцето на Струмица и место коешто има за цел да ја промовира крипто културата во Македонија и да ги едуцира луѓето за можностите што ги носи крипто светот. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Започна етапната исплата на јунските пензии

Објавено

на

Министерството за труд и социјална политика известува дека на ден 28.06.2022 година (вторник) започна етапната исплата на јунските пензии, кои продолжуваат да се исплатуваат предвремено. (more…)

Продолжи со читање


Популарно