Connect with us

Останато

Инфлацијата во еврозоната највисока во последните три години

Објавено

на

Стапката на инфлација во 19-члената еврозона се зголеми во декември на највисоко ниво во последните три години, пред се како последица на енергетските трошоци, соопшти статистичката агенција на Европската унија, Евростат.

Во декември инфлацијата во еврозоната достигна 1,1% од ноемвриските 0,6%. Тоа е највисока вредност на инфлација од септември 2013 година и над пазарните очекувања за 1%.

 

Раст запишуваат цените на енергетските производи – 2,5% на годишна основа, потоа цените на услугите, храната, алкохолните пијалоци и цигарите.

 

Конечните податоци за движењето на цените на потрошувачките стоки во еврозоната во декември ќе бидат објавени на 18 јануари. Тогаш Еуростат ќе соопшти и податоци за инфлацијата во цела ЕУ за последниот месец од 2016 година.

Останато

Од 28-ми започнува етапната исплата на јунските пензии

Објавено

на

Владата на Република Северна Македонија на последната седница ја усвои Информацијата за исплата на пензии за месец јуни 2022 година со задолжување на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 27 јуни. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Инфлацијата во Велика Британија највисока во последните 40 години

Објавено

на

Инфлацијата во Велика Британија се зголеми на 9,1 проценти на годишно ниво во мај, што е највисоко во изминатите 40 години, покажува извештајот објавен од Националната канцеларија за статистика на Обединетото Кралство. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Економиите на САД и ЕУ во пад, расте ризикот од глобална рецесија

Објавено

на

Економиите на САД и на Европската Унија покажуваат значаен пад во јуни, како резултат на порастот на цените за храната, цените на енергенсите и намалената побарувачка на останатите производи и услуги. Со тоа се зголемува ризикот за глобална рецесија. (more…)

Продолжи со читање


Популарно