Connect with us

Останато

Инфлацијата во еврозоната и ЕУ нагло порасна во јануари

Објавено

на

Стапката на инфлација нагло се зголеми во јануари, како во еврозоната, така и низ целата територија на ЕУ државите, во споредба со декември, но сè уште е под нивото од пред една година односно пред пандемијата на вирусот COVID-19.

Во еврозоната, годишната инфлација во првиот месец од оваа година изнесува 0,9%, а во Европската Унија 1,2%, според европскиот завод за статистика „Евростат”.

Земјите од еврозоната забележаа дефлација од 0,3% во декември минатата година и раст на цените од 1,4% во јануари 2020 година. Во ЕУ, годишната инфлација беше 0,3% во декември и 1,7% во јануари минатата година.

Во јануари, цените на услугите придонесоа најмногу за годишната инфлација во еврозоната, проследена со неенергетски индустриски производи, храна, алкохол и тутун и енергија.

Останато

Комората на сметководители се придружува на протестот на ТУК

Објавено

на

Комората на сметководители години наназад реагира на репресивната улога на Министерството за финансии и неговата улога во уништувањето на сметководствената професија. Структури од Секторот за финансиски систем од ова министерство, наместо да ги извршуваат своите работните задачи во интерес на граѓаните, за што земаат плата, делуваат низ призма на исполнување на своите лични интереси притоа загрозувајќи ја егзистенцијата на 10.000 професионалци од дејноста. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Маск загуби 5,6 милијарди долари за еден ден по падот на акциите на „Tesla”

Објавено

на

Акциите на компанијата „Tesla” на Илон Маск забележаа пад по информацијата дека две лица загинаа во несреќа со електричен автомобил на компанијата во текот на изминатиот викенд, пишува списанието „Forbes”. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Просечна месечна нето-плата по вработен во февруари изнесува 27.948 денари

Објавено

на

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во февруари 2021 година, во однос на февруари 2020 година, изнесува 102.7. (more…)

Продолжи со читање




Популарно