Останато
Инфлацијата во Германија на 70-годишен рекорд!

Годишната стапка на инфлација во Германија забрза во октомври, достигнувајќи го највисокото ниво од декември 1951 година, покажуваат конечните податоци на германската канцеларија за статистика.
Индексот на потрошувачките цени, измерен според германските национални стандарди, се зголеми за 10,4 проценти во октомври во споредба со истиот месец во 2021 година, од нивото од 10% во септември, соопшти статистичката служба Дестатис, потврдувајќи ги своите прелиминарни податоци.
Месечната стапка на инфлација во октомври во Германија изнесувала 0,9 проценти.
„Главната причина за високата инфлација и натаму е огромниот пораст на цените на енергијата, но растат и цените на многу други стоки и услуги. Сега домаќинствата особено го чувствуваат растот на цените на храната”, рече претседателот на Дестатис, Георг Тиел.
Германската инфлација, приспособена со стандардите на Европската унија, беше 11,6 проценти на годишно ниво во октомври, во споредба со септемвриските 10,9%, информира Дестатис, со што ја потврди својата прва проценка.
Останато
Дури 40% онлајн продавници во ЕУ користат манипулативни техники

Од 399 онлајн продавници кои властите на Европската унија ги контролираа во претходниот период, дури 148 учествуваат во манипулативен бизнис, соопшти Европската комисија. (more…)
Криптовалути
КРИПТОВАЛУТИТЕ СЕ ПОВТОРНО ИН – Биткоинот порасна за 40% во јануари!

Големите инвеститори повторно почнаа да вложуваат во криптовалути по еден месец на масовен раст на биткоинот од 40 проценти во јануари оваа година. Инвеститорите забележаа прилив од над 117 милиони долари минатата недела, најголем неделен пораст од јули минатата година, според податоците на „CoinShares“. (more…)
Останато
Досега за најдобрите македонски е-трговци гласале повеќе од 4.000 гласачи

За само неколку денови повеќе од 4.000 граѓани гласaле за е-трговците кои се номинираа на Изборот за најдобрите во македонската е-трговија – “Ecommerce Awards 2022”, во организација на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија. Изборот за најдобрите е-трговци се организира по втор пат токму со цел да ја препознае и награди напорната работа на домашните е-трговци во изминатата година, да се подигне свеста за е-трговијата во јавноста и да поттикне зголемување и подобрување на понудата во е-трговијата. (more…)
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Депозитипред 4 weeks
Халкбанк АД Скопје ги зголеми каматните стапки за физички лица на сите депозитни производи
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во ТТК Банка АД Скопје
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје
- Интервјуапред 1 week
Очекувања 2023 година | МИЛКА ТОДОРОВА, УНИБанка АД СКОПЈЕ
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје
- Домашни банкипред 3 weeks
Комерцијална банка воведе услуга за електронска идентификација на клиенти без посета на шалтер
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје