Connect with us

Странски банки

Инфлацијата во Велика Британија надмина 10 проценти

Објавено

на

Растот на потрошувачките цени во Велика Британија силно забрза во јули, достигнувајќи го највисокото ниво од февруари 1982 година и дополнително го зголемува притисокот врз домаќинствата, покажаа официјалните податоци во средата.

Во јули стапката на инфлација се искачи на 10,1 проценти, од 9,4 отсто претходниот месец.

На месечно ниво, растот на цените благо забави, од 0,7 на 0,6 отсто, покажуваат сезонски прилагодените податоци.

Годишната стапка на инфлација на мало достигна 12,3 отсто, што е највисоко ниво од март 1981 година.

Порастот на цените на енергијата во Европа, дополнително поттикнат од руската инвазија на Украина, е главниот двигател на инфлацијата и веројатно ќе ја турне Британија во долгорочна, иако плитка, рецесија на крајот на годината, соопшти централната банка (Bank of England).

Домаќинствата моментално трошат нешто помалку од 2.000 фунти (2.421 долари) годишно на електрична енергија, што е речиси двојно повеќе од износот пред една година, но би можеле да надминат 4.000 фунти во јануари следната година, според аналитичарите на „Cornwall Insight”.

„Bank of England” прогнозира дека инфлацијата ќе достигне врв од 13,3 проценти во октомври, кога регулираните цени на енергијата за домаќинствата ќе пораснат.

Странски банки

First Citizens Bank ја купува Silicon Valley Bank за 72 милијарди долари

Објавено

на

Американската банка „First Citizens Bank” ќе ги откупи за 72 милијарди долари преостанатите кредити и депозити на „Silicon Valley Bank” (SVB), која беше преземена од американските регулатори поради банкрот на почетокот на месецот. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Се разгледуваат дисциплински постапки против менаџерите на Credit Suisse!?

Објавено

на

Швајцарскиот финансиски регулатор (ФИНМА) објави дека размислува дали да покрене дисциплинска постапка против извршниот директор на „Credit Suisse”, откако втората по големина банка во Швајцарија минатата недела мораше да биде откупена од најголемата швајцарска банка, „UBS”, со цел да се избегне колапс на банкарскиот сектор. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Централната банка на Албанија ја зголеми основната каматна стапка

Објавено

на

Централна банка на Албанија ја зголеми основната каматна стапка за 0,25 проценти, како чекор да обезбеди економска и финансиска стабилност во земјата, јави државната агенција АТА. (more…)

Продолжи со читање

Популарно