Connect with us

Останато

Инфлацијата во Белгија во август ја постигна својата највисока стапка од 1976 година

Објавено

на

Во август стапката на инфлација во Белгија достигна 9,94 отсто, што е невидена состојба од 1976 година, јави дописничката на МИА од Брисел.

Информацијата ја соопштија белгиските власти утрово.

Инфлацијата во најголем дел се должи на високата цена на енергенсите.

Со 9,94 проценти во август и 9,62 отсто во јули, Белгија се ближи до 10 отсто инфлација во услови на енергетска криза и најавени социјални движења на синдикатите, национален протест и генерален штрајк во текот на есента.

Енергијата годинава е двојно поскапа во споредба со претходната, информираат властите. Поскапени се повеќе прехранбени производи, пред сѐ зејтинот, рибата, млечните производи, житариците и месото.

Најголем скок на цените има кај лебот, струјата, природниот гас, алиштата, бонбоните, хотелите, алкохолот, месото и козметичките производи.

Останато

Невработеноста во еврозоната на рекордно ниско ниво од 6,5 проценти

Објавено

на

Невработеноста во еврозоната падна на рекордно ниско ниво од 6,5 проценти во октомври, покажуваат бројките што ги објави „Евростат“, статистичката агенција на ЕУ. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Просечната плата во октомври во Црна Гора изнесувала 720 евра

Објавено

на

Просечната плата без даноци и придонеси во Црна Гора во октомври, според податоците на Управата за статистика (Монстат), изнесувала 720 евра и е за 0,3 проценти повисока од септември. (more…)

Продолжи со читање

Останато

ЛЕСНО Е КОГА ИМАШ ИЗОБИЛСТВО НА ЗЛАТО – Гана набавката на нафта ќе ја плаќа во злато наместо во долари

Објавено

на

Владата на Гана работи на план да купува нафта со плаќање во злато наместо со долари, објави на Фејсбук, потпретседателот на државата Махамуду Бавумиа. (more…)

Продолжи со читање

Популарно