Connect with us

Анализи

Инфлацијата во Австрија достигна највисоко ниво во последните 47 години

Објавено

на

Годишната инфлација во Австрија во јули беше највисока од февруари 1975 година – индексот на потрошувачките цени скокна за 9,3%, покажаа прелиминарните податоци на федералната канцеларија за статистика „Statistik Austria”. Така, индикаторот извести за своите највисоки вредности во последниве 47 години.

„Во јули 2022 година стапката на пораст на потрошувачките цени се искачи на 9,3%. Ова е највисока стапка на инфлација од февруари 1975 година“, рече Тобајас Томас, извршен директор на „Statistik Austria”.

Тој истакна дека пред се поскапеле горивата, енергијата за домаќинствата, прехранбените производи и угостителството.

„Порастот на цените е особено забележлив за редовните неделни набавки: цената на мини-кошницата, која освен храна и услуги содржи и гориво, во јули порасна за 19,1 отсто, односно двојно повеќе од општата инфлација“, истакна Томас.

Годишната инфлација во Австрија во јуни беше и рекордно висока за периодот од септември 1975 година, достигнувајќи ниво од 8,7 отсто.

Анализи

Навика која ги издвојува успешните луѓе од останатите

Објавено

на

Патот до успехот често е поплочен со голем напор. Милионерите и олимпијците подеднакво ја нагласуваат важноста да се надмине конкуренцијата и да се поместат своите граници. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

АНАЛИЗА: Стопанска банка АД – Скопје е банката која најмногу ги кредитирала граѓаните во 2022 година

Објавено

на

Според податоците на Народната банка за банкарскиот сектор во земјата за 2022 година, Стопанска банка АД- Скопје е банката која најмногу ги кредитирала граѓаните, односно домаќинствата. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

8 МАРТ АНАЛИЗА: Колку се застапени жените во Управните одбори на банките во Македонија?

Објавено

на

Со цел утврдување на статусот на жената во општеството, Банкарство.мк спроведе истражување на тема „Жените во Управните одбори на банките во Република Северна Македонија”. Истражувањето ја опфаќа процентуалната застапеност на жените во Управните одбори на банките во Македонија, па за таа цел беа анализирани сите банки. (more…)

Продолжи со читање

Популарно