Connect with us

Електронско банкарство

Интернет банка и мБанка на Комерцијална банка целосно во функција

Објавено

на

Комерцијална банка АД Скопје ги известува своите клиенти дека сервисите Интернет банка и мБанка на Банката се целосно функционални. Од понеделник (29.07.2019г.), шалтерите во експозитурите и филијалите на Банката ќе работат со редовно работно време и ќе ги извршуваат сите активности.

Како што веќе информираа од Комерцијална банка, од петокот (26.07) се извршуваат трансакциите со картичките на Банката во трговија и на банкомати.

Комерцијална банка АД Скопје на сите свои клиенти им благодари на разбирањето и, воедно, им се извинува за настанатите непријатности.

Електронско банкарство

UnionPay и PayPal најавуваат глобално партнерство

Објавено

на

UnionPay International (UPI) и PayPal најавија глобално партнерство каде и двете компании ќе работат заедно за да го забрзаат растот на нивните мрежи. (more…)

Продолжи со читање

Електронско банкарство

Настан за е-трговија: Имплементација и предизвици при е-плаќањa со фокус на банките

Објавено

на

Асоцијацијата за е-трговија на Македонија во текот на месец февруари ја организира втората сесија за е-трговија, каде што со претставници од финансиските институции вклучени во синџирот на е-трговија и со потенцијалните и моменталните е-трговци ќе се дискутира на тема “Имплементација и предизвици при онлајн плаќање“.

Доколку продавате или сакате да продавате онлајн, а притоа ви се неопходно дополнителни корисни информации од аспект на улогата на банките со целиот процес при онлајн плаќање, доколку сакате да споделите свое искуство/предизвик со кој се соочувате при онлајн плаќање, или пак неформално, преку нетворкинг дружење да се запознаете со претставниците од банките кои што нудат е-трговија и се членови во АЕТМ, тогаш овој настан е токму за вас!

Локација: Фонд за Иновации и Технолошки Развој (ГТЦ, I кат)
Датум: 03.02.2020 година
Време: 16:00

На настанот ќе имате можност да научите повеќе за:
✔︎ како да имплементирате канал за плаќање во вашата е-продавница?
✔︎ која е неопходната документација за виртуелен ПОС?
✔︎ каква е улогата на платежниот процесор во синџирот наречен е-трговија?
✔︎ како до подобра комуникација со банките (поплаки, соработка, рефундации)?
✔︎ кои се предизвици на е-трговците од банкарска гледна точка?

Агендата на настанот можете да ја погледнете во продолжение:

⏰16:00-16:05
👉🏻 Отворање на настанот

⏰16:05-16:15
👉🏻 Презентација на можностите кои се нудат од страна на банките при онлајн плаќање
– Филип Чижбановски – в.д. Претседател, Асоцијација за е-трговија на Македонија

⏰16:15 – 17:15
👉🏻 Панел дискусија на тема „Имплементација и предизвици при онлајн плаќањата“
– Игор Величковски, Народна Банка на РСМ
– Тина Петкоска, Халкбанк АД Скопје
– Вељан Поповски, НЛБ Банка АД Скопје
– Стефан Пепоски, Стопанска банка АД Скопје
– Филомена Пљаковска Аспровска, Касис АД Скопје

⏰17:15-18:00
👉🏻 Networking дружење!

Учеството е бесплатно. Потребно е само да се пријавите на следниот линк. Бројот на учесници е ограничен.

Настанот е организиран во партнерство со Фонд за иновации и технолошки развој.

Продолжи со читање

Електронско банкарство

Купувањето онлајн и отворањето на продавници за е-трговија во пораст

Објавено

на

Македонските граѓани сѐ повеќе купуваат онлајн, но и отвораат онлајн продавници, а доказ за ова е порастот кој го бележиме по бројот на трансакции, порастот по вредноста на трансакции, но и порастот по бројот на уреди на виртуелни места на продажба. (more…)

Продолжи со читање

Популарно