Connect with us

Интервјуа

Интервју TOME ЧАГОРОВСКИ, СН Финансии: Време е за поддршка на трговците и купувачите

Објавено

на

Македонската трговија на мало е погодена од кризата предизвикана со корона вирусот. Од тие причини, СН финансиско друштво, овој ноември започна своја кампања за поддршка и на малите трговци, но и на населението, со цел да ги ублажи последиците од кризата. За каков потег станува збор, разговаравме со Томе Чагоровски  – менаџер на продажба и маркетинг во СН финансиско друштво.

Банкарство: Актуелни се сите дискусии во вашиот сектор, како да се применат инструменти на ублажување на кризата. Кој е вашиот став?

Томе Чагоровски: Во време кога многу се зборува за економска криза, предизвикана од здравствената криза, јас лично сметам дека ова е време на драстично намалени економски активности, предизвикани од пандемијата. И без разлика дали станува збор за семантичка разлика, моите размислувања се дека треба да се употребат механизми и на државно ниво, но и во секој сектор поединечно за истите да се ублажат.

Банкарство: Како да се вратиме на патеките, да се чека да помине ударот на корона кризата?

Томе Чагоровски: Многу луѓе ја изгубија работата или добиваат минимални плати, со што драстично е намалена куповната моќ. Ги следам трендовите на глобално ниво и има земји кои успеаа на различни начини, земајќи ги во предвид локалните специфичности, во време на корона да го помогнат своето стопанство, а истовремено да избегнат поголеми удари на макроекономската стабилност.  Македонија, не е исклучок и покрај деликатноста на тоа што е мала економија и има висок износ на задолженост.

Еден од примерите кои го спроведе Белгија, ми остави силен впечаток, таму владата со микромерки делуваше на одржувањето на слободниот пазар, преку поддршка на банкарскиот и нефинансискиот сектор, кој пак од своја страна има експертиза да ги поддржи и деловните субјекти, кои се подготвени да се опорават после кризата, но и населението со посебно субвенционирани кредити.

Банкарство: Што вие правите со новиот производ?

Томе Чагоровски: Ние ги контактиравме трговците и им понудивме бескаматно кредитирање на нивните купувачи.

Од почеток на пандемијата, трговската мрежа во која имаше големо учество на кеш се најде во проблем, делумно заради тоа што купувачите бараа бесконтактни опции за плаќање, заради лична безбедност од висусот. Овој предизвик дел од трговците го надминаа со создавање на онлајн шопинг. Но, како месеците одеа и економската кондиција кај населението опаѓаше заради погоренаведените факти, реално мал е интензитетот на онлајн продажбата. Тука сметавме дека можеме да влеземе со наш производ кој ќе му помогне и на трговците и на купувачите.

Брзо одобрување на кредити, исклучиво по онлајн метод, кој во СН финансиско друштво функционира беспрекорно и пред корона кризата.

Односно, поттикнуваме продажба, го размрдуваме бизнисот на трговците, а истовремено овожможуваме убав живот за купувачите, да не се откажат од нешта кои им се потребни, а во моментот од добро познатите причини, не можат да си ги дозволат.

Банкарство: Дали ова “ново време” ќе ги навикне клиентите на онлајн аплицирање за кредити?

Томе Чагоровски: Времето и искуството се одличен катализатор на промени – моменталните митови во врска со онлајн аплицирањето за кредити и онлајн продажбите за нас се надминати работи уште од самите почетоци. Ова ме потсетува на она време, пред десттина години кога едвај ќе натеравте некој да премине од кеш на плаќање со картичка. Не знам дали некој се занимава со анализа, но јас знам дека се уште има луѓе кои исклучиво користат кеш, веројатно короната ги натера да направат први трансакции на плаќање со картичка.

Исто е со кредитите, луѓето сакаат да бидат сослушани, да раскажат што и како, но нашиот систем и нашата телефонска поддршка тоа го овоможува, така што навистина овој „предизвик” за онлјан аплицирање за нас не беше никаков проблем. СН финансиско друштво е комапнија, која технолошки гледано е многу напред, ние сме еден од пионерите во регионот кога станува збор за наши ИТ решенија, кои ги имаме како свој личен производ.

СН финансико друштво е комапнија која има став дека нашата работа се развива со брзината на животот во кој живееме, а и свесни сме дека со многу наши индивидуални пионерски чекори создаваме ера на промени која другите ја следат.

Банкарство: Со колку трговци започнува вашата кампања и дали има можност да ви се приклучат и нови?

Томе Чагоровски: Започнуваме со 15 наши долгогодишни клиенти, со кои имаме успешна соработка и ценевме дека тие треба на старт да ја добијат нашата поддршка во овие времиња кога и ние како нефинансиско друштво стоиме позади нив, дека можат да се носат со последиците на кризата.

Преку нив, бескаматно ќе се кредитираат нивните купувачи.

Секако бројката ќе расте, кампањата стартува сега, на неа работевме цел месец и веќе сме во фаза на подготовки за фаза два, односно како таа ќе се развива и како ќе продолжи. Така што сметаме дека овој концепт ќе го забрза развојот на оналјан продажбите, а ние со помош на нашиот маректинг мотор, кој одлично го имаме развиено, ќе дадеме дополнителен придонес кон рекламирање на трговците и нивните продукти. Така што ова ќе биде вин-вин соработка.

Интервјуа

Интервју ТОНИ ТРАЈАНОВ, МКБ: Располагаме со најголема, најбрза и најточна база на податоци за обврските на сите физички и правни лица во земјата

Објавено

на

МКБ е првото и единствено кредитно биро во Македонија кое делува со цел на корисниците да им овозможи безбедно и сигурно да чекорат низ процесот на деловното одлучување и унапредување на работењето.  (more…)

Продолжи со читање

Интервјуа

Интервју АНА ТРАЈКОВСКИ, СН Финансии: Успешно планирање на финансиското работење на компанијата, во време на пандемија

Објавено

на

ФД СН Финансии ДОО Битола е првата Финтек компанија во Битола, но исто така е и прва Финтек компанија во Македонија со домашен капитал која е главно фокусирана на одобрување и исплата на кредити, но исто така работи и со издавање гаранции и факторинг. Проактивниот пристап кон клиентите, квалитетот на услугата и брзината на одобрување и исплата несомнено се клучни фактори кои влијаат врз клиентите да се одлучат да го изберат ФД СН Финансии. (more…)

Продолжи со читање

Интервјуа

Интервју КОСТА ИВАНОВСКИ, CFA: Пензиските фондови на Сава пензиско друштво се регулирана алатка за долгорочно штедење

Објавено

на

Сава пензиско друштво а.д. Скопје има единствена дејност на управување со Отворен задолжителен пензиски фонд Сава пензиски фонд и Отворен доброволен пензиски фонд Сава пензија плус и нивно претставување пред трети лица како и други дејности поврзани со управувањето со фондовите. (more…)

Продолжи со читање

Популарно