Connect with us

Интервјуа

Интервју Христијан Блажовски: Колумнист и автор на книга “Перење на пари и користење на технологијата во борбата против перењето“

Објавено

на

Доколку ги следите објавите на сајтот Банкарство.мк, тогаш сигурно сте ги забележале и колумните кои што на истиот се објавуваат. Во изминатиот период Банкарство.мк се посвети на зголемување на финансиската писменост, а особено во делот за спречување перење на пари.

За таа цел се контактираат експерти кои што несебично се нафаќаат да го споделуваат своето знаење со останатите, заради подигнување на јавната свест поврзана со оваа тема.

Еден од нив е и Христијан Блажовски, експерт за спречување перење на пари, со кој што соработката преку објавувањето на колумни ја прошируваме и преку ова интервју во кое што ќе сподели работи за него, неговото искуство, колумните како и она по што во последниот период е актуелен т.е објавата на неговата прва книга “Перење на пари и користење на технологијата во борбата против перењето”.

Банкарство: За почеток може ли да го споделите вашето досегашно работно искуство?

Христијан Блажовски: Вработен сум во банкарскиот сектор нешто повеќе од 8 години. Како период можеби не е многу долг, меѓутоа со оглед на мојата возраст (29 години), сметам дека истиот особено придонесе за моја професионална и приватна изградба како личност. Имам искуство со работа во две банки, преку работа во сектор за кредитирање на физички лица (Back Office) и во оддел за спречување перење пари и финансирање на тероризам. Работата во двата сектори ми овозможи соодветно искуство за подобро разбирање на процесите и активностите, кои што ми се потребни во борбата против спречувањето на перење пари.

Банкарство: Која е причината што ве натера да започнете со објавување на колумни?

Христијан Блажовски: По пристапувањето во одделот за спречување перење пари, веднаш се заинтересирав за начинот на негово функционирање и откривање на најдобрите практики и можности за спречување на перењето пари. Преку многучасовна работа, читање и сопствено надградување, се решив моето стекнато знаење да го споделувам и со сите останати, без разлика дали се вработени или не во финансискиот сектор. Сметам дека нивото на финансиска писменост во нашата држава не е на многу завидно ниво и затоа сите ние мора да работиме на негово зголемување, а особено на тоа да се едуцираат сите и да им се сврти вниманието во борбата со перењето на пари затоа што сите ние може да сме жртви на оваа нелегална активност.

Банкарство: Во колумните покрај совети за заштита од потенцијални лица со криминални пари, влијанието на перењето пари врз економијата, може да се прочитаат и некои нови технологии кои што може да се искористат за подобра борба. Како се користат новите технологии во Македонија?

Христијан Блажовски: Со оглед на тоа што технолошки светот се движи со големи чекори напред, технологијата мораме да ја искористиме на најдобар можен начин. За жал истата ја користат и криминалците кои што постојано изнаоѓаат нови начини за легализирање на нивните нелегално стекнати средства. Морам да потенцирам дека банките во нашата држава користат соодветни системи во борбата против перењето на пари, меѓутоа она на што посебно ставам акцент е новата технологија, како Blockchain и AI (вештачката интелигенција). Овие технологии се особено напрeдни и скапи, меѓутоа истите значително ќе придонесат во борбата против перење на пари.

Банкарство: Од пред неколку денови излезена е и вашата прва книга “Перење на пари и користење на технологијата во борбата против перењето”. Може ли да ни кажете нешто повеќе за книгата?

Христијан Блажовски: Оваа книга претставува уште еден чекор напред кон мојата цел, а тоа е зголемување на свеста за перењето пари и финансиската писменост. Во книгата се содржани дел од објавените колумни, но и голем дел од досега необјавени текстови. Во истата може да се пронајдат многу интересни работи, објаснувања и практични примери кои што се лесно разбирливи за сите. Се обработуваат најразлични теми со кои што се среќаваме секојдневно и кои што верувам дека ќе им бидат од особена корист на сите кои што се вклучени во борбата против перењето пари. Секако тука е наведена и технологијата т.е новите начини кои што ги користат криминалците и начинот на спречување на истите.

Банкарство: Во книгата може да се забележат и теми поврзани со обуки на вработените во институции, особено во одделите за перење пари и спречување на тероризам. Дали и колку се одржуваат обуки во Македонија поврзани на оваа тема?

Христијан Блажовски: Она што може да се забележи е тоа дека во државата секако недостасуваат обуки и специјализации за вработените во одделите за СПП и ФТ. Меѓутоа она што сакам да го посочам со цел подигнување на свеста, е и самата желба и ангажман на вработените во одделите за што поголема нивна специјализација. Забележливо е дека вработените во одделите за СПП и ФТ сеуште размислуваат на начинот на кој што се вршеле трансакции и имало обиди за перење на пари во минатото. Најголемо внимание се посветува на “готовината” и обезбедување на потекло на истите. Секако, сите знаеме дека Македонија е земја во која готовината има голема улога и сеуште има голема примена во начинот на водење на бизнисот. Обидот за перење на пари е најбитно да се забележи уште во првата фаза на обидување да се вметнат парите во финансискиот сектор. Меѓутоа вработените мора да посветат поголемо внимание и на оние трансакции кои што не се со физички присуство на готовина. Да се посвети внимание на документацијата, начинот на реализирање на трансакциите, нивната логичност итн. Криминалците секогаш располагаат со готовина која што не е пријавена и истата сакаат да ја проследат до финансискиот сектор. Меѓутоа што ако финансиската институција во која работите не се користи за уплата на готовината туку е само дел од синџирот на безготовински трансакции со лажни фактури и документи? Мора да се направи соодветна проценка и да се приберат доволно информации за да се утврди дека трансакцијата веројатно е дел од некој поголем ланец.

Банкарство: За крај, можете ли да дадете совет за нашите читатели?

Христијан Блажовски: Вложувањето во себе е најдобриот начин за овозможување на квалитетен живот. Читајте, едуцирајте се, следете обуки. Вложеното време во само едукација не може да биде потрошено време. Трудот кој што сте го вложиле денес двојно ќе ви се врати во иднина.

Интервјуа

Чадиковски за АЕТМ: Комерцијална банка докажа дека е пионер во воведувањето напредни и клучни дигитални решенија

Објавено

на

Комерцијална банка континуирано развива нови и современи решенија, генерално базирани на нови технологии, со цел да излезе во пресрет на новите потреби и навики на клиентите. Можноста за верификација на дигиталниот идентитет, надополнета со можноста за електронски потпис е клучна пресвртница за целосна трансформација на дигитализацијата во нашата земја, вели во интервју за АЕТМ, Киро Чадиковски, Директор на Дирекцијата за банкарски картички и платежни сметки во Комерцијална банка. (more…)

Продолжи со читање

Интервјуа

Очекувања 2023 година | САНЕЛ КУСТУРИЦА, ШПАРКАСЕ БАНКА АД СКОПЈЕ

Објавено

на

На почетокот на тековната 2023 година, се обраќаме до банките во Република С.Македонија со цел објавување на очекувањата на водечките банкари во нашата земја од аспект на предизвиците со кои ќе се соочат Банките во периодот што следи. (more…)

Продолжи со читање

Интервјуа

Очекувања 2023 година | СТЕВЧЕ КУЗМАНОВСКИ, ПРОКРЕДИТ БАНКА АД СКОПЈЕ

Објавено

на

На почетокот на тековната 2023 година, се обраќаме до банките во Република С.Македонија со цел објавување на очекувањата на водечките банкари во нашата земја од аспект на предизвиците со кои ќе се соочат Банките во периодот што следи.

Од соговорниците побаравме да направат кратка ретроспектива на изминатата 2022 година, да ги споделат своите очекувања околу новите трендови во банкарскиот сектор во 2023 година, да дадат свој коментар на движењето на каматите на активата и пасивата, да ги истакнат предизвиците со кои ќе се соочи банкарскиот сектор по имплементацијата на новиот Закон за платежни услуги и платни системи и да откријат еден новитет кој банката ќе го воведе во тековната година. (more…)

Продолжи со читање

Популарно