Connect with us

Интервјуа

Интервју СУАТ ИНАН: Нашата цел е Халк Осигурување да биде дел од водечките осигурителни компании

Објавено

на

Халк Осигурување АД Скопје како компанија за неживотно осигурување е присутна на македонскиот пазар од 2007 година. Во 2019 година, компанијата по преземањето на сопственоста од Халкбанк АД Скопје се ребрендираше во Халк Осигурување и одтогаш се позабележливо е нејзиното присуство на осигурителниот пазар во земјава.

За позитивните искуства кои се пренесуваат од Турција, соработката со Халк Сигорта во делот на развојот на класите на осигурување, влијанието на глобалната пандемија со Ковид-19 на осигурителниот сектор, развојот на компанијата по ребрендирањето и идните планови на оваа осигурителна компанија, разговаравме со г-дин Суат Инан, Главен извршен директор во Халк Осигурување.

Банкарство: Почитуван г-дин Инан, дали може на почетокот за читателите на Банкарство.мк да го споделите вашето претходно работно искуство во осигурителниот сектор? 

Суат Инан:

Во 1983 година својата професионална кариера ја започнав во Памукбанк (Стопанско-индивидуална банка). Работев 4 години во различни филијали во единицата за кредити. Потоа се префрлив во Дишбанк (банка за надворешна трговија) ​​каде што работев како одговорен за кредити во различни филијали. Во 1990 година, повторно преминувам во Памукбанк како помошник директор одговорен за финансии, лизинг и осигурување за подоцна во 2004 година да преминам во Халкбанк како директор на оддел. Првото директно искуство во осигурителна компанија го имам од 2013 година кога својата кариера ја продолжувам во компанијата Халк Сигорта како Помошник Генерален Директор.  Од 2019 година активно ја извршувам должноста како Главен Извршен Директор на Халк Осигурување АД Скопје. 

Банкарство: Во Македонија доаѓате од Халк Сигорта во Турција каде поминавте извесен период. Колку искуството стекнато работејќи на осигурителниот пазар во Турција ќе ви биде од полза во справувањето со секојдневните обврски како прв човек на Халк Осигурување? 

Суат ИнанОсигурувањето е меѓународна професија. Ако ги имате совладано основите од овој бизнис лесно можете да се приспособите на условите за работа каде и да е во светот. Споменатите искуствата за банкарство и осигурување стекнати додека работев во банка и останатите канали за продажба во Халк Сигорта, како и шест годишното раководно искуство во финансии, побарувања, актуарство, ИТ, HR и услуги за поддршка,  ни овозможија преку имплементација на одредени процеси за многу краток период да застанеме на нозе и да чекориме напред.

Банкарство: Откако се реализираше промената на сопственоста на осигурителната компанија, започнавте поблиска соработка со Халкбанк АД Скопје. Какви се вашите очекувања од соработката со банката во делот на т.н. банкоосигурување и дали може да направите споредба на соработката помеѓу Халкбанк и Халк Сигорта во Турција и оваа во Македонија? 

Суат ИнанНие сакаме да вршиме ефикасно осигурување преку сите продажни канали од секторот, но сепак Халкбанк за нас има посебно место. Како осигурителна компанија имаме визија да го постигнеме истиот успех како и банката. За оваа цел за многу краток период со огромен вложен труд извршивме системската интеграција и ги завршивме официјалните процедури. Во овој поглед најважната референца е вкоренетата соработка помеѓу банката и осигурителната компанија во Турција. Со својата организација, модели на продажба и со својот иновативен и различен пристап на Халкбанк кон клиентите, нашите клиенти од пред една година имаат пристап до осигурителни услуги директно од филијалите на Халкбанк.

Банкарство: Во минатото покрај во осигурителниот сектор, имате и банкарско искуство. Познавајќи ја работата и на банките и на осигурителните компании, кажете ни што е клучно за развој на атрактивен и иновативни производ кои ќе биде полн погодок за продажба и од страна на осигурителната компанија и од страна на банката. 

Суат Инан: Многу добро прашање. Клучот е благодарение на финансиските решенија што ги нуди Банката, а кои овозможуваат создавање на економска вредност или раст/развој на постојаната. Улогата на осигурувачот е да ги заштити овие вредности во име на економски континуитет. Соработката меѓу банкарот и осигурувачот, кој го познава клиентот, обемот на создадената вредност и областите на ризици, резултира со очекување да се вратат вложените средства, притоа создавајќи иновативен, привлечен и функционален производ.

Банкарство: Се соочуваме со глобалната пандемија на Ковид-19 која ги засегна сите сектори, меѓу кои и осигурителниот. Колку оваа новонастаната состојба влијае на остварувањето на вашите планови и какви прилагодувања бевте приморани да направите со цел клиентите да не ја почуствуваат кризата во соработката со вашата компанија? 

Суат ИнанСе разбира, се соочуваме со глобален проблем за човештвото. Нашата примарна цел е да останеме здрави, поради што и превземените мерки се насочени кон тоа. Но од друга страна, ние се трудиме во вонредни околности да продолжиме да ја извршуваме својата работа. Со други зборови, иако не излегуваме на натпревар сепак тренираме во овој период. Поради тоа нашите планови нема да бидат реализирани во таа мера како што таргетиравме. Во согласност со процесот на нормализација, проценувам дека ќе има закрепнување заклучно со последниот квартал од годината.

Во овој период каде е намален меѓучовечкиот контакт ние го продолжуваме контактот со нашите клиенти преку различни алтернативни решенија. Веднаш пристапивме кон модификација на приодите ориентирани кон клиентите како: доделување на попусти, зголемување на бројот на рати, можност за бесплатно тестирање од коронавирус (Covid-19) на нашите корисници на полисата за Доброволно приватно здраствено осигурување, дополнителни 2 месеци на покритието за каско осигурување со која што покажавме дека треба да бидеме солидарни во вакви тешки времиња.

Банкарство: Присутен сте во Халк Осигурување повеќе од една година. Може ли да направите компарација на компанијата кога пристигнавте и денес, односно што е тоа што се промени во Халк Осигурување во изминатиот период? 

Суат ИнанВо осигурувањето, логистика и повратните услуги се исто толку важни како и маркетингот. Така да би можел да кажам дека ние почнавме од кујната: Организација на внатрешното уредување, корпоративни принципи, квалитетни човечки ресурси, ефикасно управување со штети ориентирани кон клиентите, зајакнување на систематски содржини, технолошки решенија, работи како што се веб-страница и мобилни апликации, активности на филијали и ред други работи кои со други зборови би можел да кажам дека ние имавме на располагање противпожарна единица и интервениравме онаму каде што имаше пожар. Како резултат на тоа, гледано од аспект на моментите кога компанијата започна со својата мисија и визија, со фокус на вработените и останатите засегнати страни, Халк Осигурување е компанија која е свесна за нејзината одговорност, која кон крајот на 2019 година имаше раст од 52%.

Банкарство: Во Македонија доаѓате од земја која е економски постабилна и технолошки поразвиена. Кои се работите што добро се продаваат на осигурителниот пазар во Турција, кои недостасуваат на осигурителниот пазар во Македонија, а сметате дека добро ќе бидат прифатени доколку се прилагодат на локалните потреби? 

Суат ИнанИ ова е добро прашање. Всушност, ова е тема паралелно со социјалната култура, иако нејзината основа е економска. Осигурувањето во некои општества и во Турција не е едно од најважните и приоритетните проблеми во секојдневниот живот, во овој поглед доживуваме социјална сличност. Продажбата од аспект на осигурувањето и во двете држави не е лесна задача. Исто така и во Турција задолжителните осигурувања се водечки производи. Најочигледните и најважните производи кои недостасуваат во Македонија се осигурување од природни непогоди и дополнително здравствено осигурување. Сметам дека овие класи на осигурување со тек на време ќе бидат прифатени и тука, затоа што и овој регион е во зона на земјотрес каде што исто така е и под ризик од поплавување. Освен овие, разни други производи се деривати поврзани со главните гранки кои секогаш можат да се развиваат во согласност со економската разновидност кои би потекнувале и би биле поддржани од идни инвестиции овозможени во Македонија. 

Банкарство: Со колку филијали располага Халк осигурување во моментов и какви се плановите за во иднина? Дали планирате да бидете присутни на што е можно повеќе локации или пак вашиот фокус ќе биде кон дигитализацијата и развојот на онлајн услугите? 

Суат ИнанКако што споменав на почетокот на интервјуто, ние сакаме да вршиме ефикасно и доминантно осигурување во сите канали. Подружниците се слични со моделот на т.н агенции во Турција, кои се Место за средба “тет а тет” со клиентот. Во моментов имаме околу 40 подружници. Нашата цел е да бидеме што подостапни за осигурителни услуги на клиентите со цел да ја почуствуваат разликата на услугата која ја нуди Халк Осигурување. Сакаме да развиваме ефикасна соработка со осигурувачи кои имаат балансиран портфел со различни производи ориентирани кон потрошувачи кои се чувствителни на целите на компанијата, користејќи ја технологијата, профилите на подружниците и можностите што ги таргетираме.

Банкарство: За крај, што можеме да очекуваме од Халк Осигурување во периодот што следи? Каде ја гледате компанијата во наредните неколку години и за очекување ли е Халк Осигурување со тек на време да стане лидер во делот на неживотно осигурување? 

Суат ИнанМожете да очекувате вистинска доверба од Халк Осигурување. Ние сме македонска компанија во сопственост и со инвестиција на Халкбанк која е моќна банкарска групација која потекнува од голема држава. Според нашите планови, компанијата за неколку години ќе биде во првите пет места во осигурителниот сектор неживот. Нашата цел е да станеме водечка компанија, бидејќи имаме доволно искуство за да можеме да им помагаме на тие кои ќе не следат и имаме големи амбиции и енергија да бидеме предводници и да чекориме напред.

Интервјуа

Роберт Тодоровски, КЛИКНИ ЈАДИ: Нарачувањето на храна во компаниите е еден вид тим-билдинг

Објавено

на

Кликни Јади е компанија чија основна дејност е достава на храна и намирници до вашиот дом или канцеларија, улога која е мошне значајна особено во периодот на пандемијата со Ковид-19 и ограничувањето на движењето на граѓаните.  (more…)

Продолжи со читање

Интервјуа

Интервју НИКОЛА ЈОШЕВСКИ: Финансиските друштва – како банкарството од сенка ќе бидат финансика поддршка за населението во пост-Ковид кризната иднина

Објавено

на

Со појавата на небанкарските институции во 2011 година во Македонија започна примената на финансиската инклузија, за која развиениот свет одамна знае и ја применува, а на овој терен таа либерализација беше неопходна со една единствена цел – унапредување на финансиското работење на пазарот во целина, бидејќи на клиентите им стојат на располагање повеќе опции за задоволување на нивните финансиски потреби од различен карактер.  (more…)

Продолжи со читање

Интервјуа

ОНЛАЈН ИНТЕРВЈУ со вработените во Халкбанк одговорни за услугата E-commerce

Објавено

на

Во онлајн интервју, вработените во Халкбанк АД Скопје отворено разговараат за значењето на услугата е-трговија, нејзините партнери, соработки, како се одвива е-трговијата во време на пандемија, нагласување на механизмите на заштита кои ги презема Халкбанк за безбедно и сигурно онлајн купување, информации за бонус поени и останати аспекти неопходни за развој на е-трговијата во земјава.

(more…)

Продолжи со читање

Популарно