Connect with us

Интервјуа

Интервју со членовите на Управниот одбор на Винер Лајф: Пазарот на животно осигурување продолжува со трендот на двоцифрен раст

Објавено

на

Денес, 1ви ноември се одбележува Денот на осигурувањето како долгогодишна традиција која е исполнета со бројни активности за зголемување на свесноста за важноста на осигурувањето. Овој ден треба да ги извади на површина сите најнови и најатрактивни продукти на осигурителните компании, со цел клиентите да бидат подобро информирани и запознаени како да ги задоволат своите потреби.

По повод Денот на осигурувањето, поразговаравме со членовите на Управниот одбор на Винер Лајф Осигурување, г-дин Дарко Дедиќ, Претседател на Управниот одбор и г-дин Мартин Теов, член на Управен одбор за растот на Винер Лајф на македонскиот пазар во изминатиот период, за новите технолошки трендови во осигурувањето, како и за очекувањата во периодот кој претстои.

Веќе 9-та година откако е основана компанијата, Винер Лајф прерасна во една од најдобрите и најпрепознатливи компании за животно осигурување во Р.Македонија, која во својата палета нуди широк спектар на производи кои што се достапни и прифатливи за секој граѓанин.

Банкарство: Се зголемува ли интересот на граѓаните за полиси на животно осигурување и кои продукти се најатрактивни?

Мартин Теов: Интересот на граѓаните паралелно со продажбата на полиси за животно осигурување секоја година расте со двоцифрени бројки. Сите компании за животно осигурување работат константно на подигање на свеста кај јавноста за бенефитите од овој производ.

Банките, исто така, во последните неколку години придонесуваат за афирмирање на животното осигурување како додадена вредност на модерниот начин и брзото темпо на живеење. Покрај класичните производи, во последно време продуктите поврзани со инвестициски фондови, како и заштитата на кредити со полиса за животно осигурување се секако дел од атрактивната понуда.

Банкарство: Што го одбележа пазарот на осигурување оваа година и какви се проекциите за до крајот на 2019?

Дарко Дедиќ: Во првите девет месеци од 2019 година пазарот на животно осигурување продолжува со трендот на двоцифрен раст, а нашите предвидувања се дека овој тренд ќе продолжи и до крајот на годината.

Главни двигатели на ваков завиден раст на животното осигурување во 2019 година се банките кои значајно ги зголемија своите активности во соработката со компаниите за осигурување на живот. Оваа соработка овозможува дел од ризикот кој досега го превземаа банките да се пренесе на осигурутелните компании што придонесе банките да бидат во можност да ги намалат каматните стапки на кредитните производи.

Во економско опкружување со ниски приноси за вложените средства во текот на 2019 година пазарот на животно осигурување бележи пораст на клиенти кои се одлучуваат своите средства да ги вложат во таканаречени unit linked производи за животно осигурување, каде што на посреден начин нивните средства се вложуваат во широка палета на хартии од вредност од реномирани странски компании.

Промените во даночната регулатива на почетокот од 2019 година, исто така, позитивно влијаеа на развојот на животното осигурување.

Винер Лајф како членка на VIG, најголемата осигурителна групација во централна и југоисточна Европа во првите девет месеци оствари раст од 13% и е на одличен пат да ја оствари зададената цел за 2019 година односно повисока стапка на раст од онаа што ја остварува пазарот на животно осигурување.

Банкарство: Дали осигурителната индустрија во С. Македонија ги следи новите технолошки трендови и какви услуги нуди за корисниците?

Мартин Теов: Како што веќе напоменав Винер Лајф е дел од Vienna Insurance Group, каде што главна стратешка цел за периодот 2018-2020 е воведување на дигитизација во сите сегменти на работењето на компаниите. Винер Лајф ги следи трендовите на групацијата и во изминатиот период воведе неколку техноложки иновации во делот на процесирање и ажурирање на податоците и ниформациите а цел за наредниот период ќе биде овозможување на дигитална комуникација со клиентите.

Со оглед на фактот што сите компании за осигурување на живот потекнуваат од земји членки на Европската Унија, очекуваме локалните компании постепено да ги превземаат искуствата од дигитизација на мајките компании што во голема мера ќе придонесе за дополнителна модернизација на целиот сектор.

Банкарство: Се развива ли корпоративното учество во продуктите за осигурување со цел овозможување поголеми бенефиции за вработените и менаџерите?

Дарко Дедиќ: Во претходните години даночната регулатива имаше негативно влијание врз мотивацијата на корпоративниот сектор да ги користи бенефитите од животното осигурување. Со измените на оваа регулатива во 2019 година веднаш се почувствува значајно зголемување на соработката помеѓу корпоративниот сектор и компаниите за животно осигурување.

Се поголем број на компании се одлучуваат довербата кон своите вработени или менаџерскот тим да ја искажат преку склучување на договори за осигурување во кои бенефитите од овие договори се на име на вработените.

Винер Лајф само во првите девет месеци од 2019 година склучи договoри за животно осигурување со 125 правни лица при што некои од нив се мали субјекти со само неколку вработени, но имаме договори и со правни субјекти кои имаат повеќе од 100 вработени.

Она што е забележливо во нашата соработка со корпоративниот сектор е што договорите за животно осигурување во значаен дел од случаите се склучуваат не само за менаџерскот тим, туку и за останати клучни лица кои имаат влијание во развојот на компаниите.

Интервјуа

Очекувања на менаџментот на Охридска банка АД Скопје за случувањата во банкарскиот сектор во 2020 година

Објавено

на

На почетокот на тековната 2020 година, се обраќаме до банките во Република Македонија со цел објавување на очекувањата на водечките банкари во нашата земја од аспект на предизвиците со кои ќе се соочат Банките во периодот што следи. (more…)

Продолжи со читање

Интервјуа

Очекувања на менаџментот на Халкбанк АД Скопје за случувањата во банкарскиот сектор во 2020 година

Објавено

на

На почетокот на тековната 2020 година, се обраќаме до банките во Република Македонија со цел објавување на очекувањата на водечките банкари во нашата земја од аспект на предизвиците со кои ќе се соочат Банките во периодот што следи. (more…)

Продолжи со читање

Интервјуа

Очекувања на менаџментот на Капитал Банка АД Скопје за случувањата во банкарскиот сектор во 2020 година

Објавено

на

На почетокот на тековната 2020 година, се обраќаме до банките во Република Македонија со цел објавување на очекувањата на водечките банкари во нашата земја од аспект на предизвиците со кои ќе се соочат Банките во периодот што следи. (more…)

Продолжи со читање

Популарно