Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Интервјуа

Интервју со Цветан Петринин, Претседател на Управен Одбор на Капитал Банка АД Скопје

Објавено

на

На почетокот на тековната 2019 година, се обраќаме до банките во Република Северна Македонија со цел објавување на очекувањата на водечките банкари во нашата земја од аспект на предизвиците со кои ќе се соочат Банките во периодот што следи.

За таа цел во целост ги пренесуваме ставовите и очекувањата на г-дин Цветан Петринин, Претседател на Управен Одбор на Капитал Банка АД Скопје.

Своето образование г-дин Петринин го има стекнато на Бугарскиот Универзитет за домашна и светска економија, каде се здобил со титулата магистер по меѓународни економски односи, а потоа се  дообразовал на реномираниот светски Универзитет за бизнис INSEAD во Франција, Сингапур и УАЕ.

Пред да дојде на чело на Капитал Банка АД Скопје, тој ја извршувал функцијата на Генерален извршен директор и Претседател на Управниот одбор на TBI Bank, каде што за период од 5 годишно раководење направил пораст од 20 милиони евра односно успеал од негативно салдо од 4 милиони евра да обезбеди профит од 16 милиони евра.

Банкарство: Кои ќе бидат новите трендови во банкарскиот сектор во 2019 година?

Цветан Петринин: Очекувано, и следствено на изминатиот период е Банките во Македонија да се насочат кон дигитализација на процесите.

Следејќи ги пазарните трендови, светските трендови, сметам дека Банките ќе се фокусираат кон развој на платформите што овозможуваат електронски, бесконтактни банкарски услуги. Креирањето на иновативни апликации ќе овозможат пред се воспоставување и одржување на посебни иновативни канали за комуникација со клиентите.

Банкарство: Во последно време се повеќе слушаме за дигитализација во банкарството. Постои ли стратегија за дигитализација во Вашата институција и доколку да кои сегменти се опфатени со истата? Дали имате формиранo посебно одделение или работна група која ќе биде одговорна за спроведување на дигитализација во секојдневното работење?

Цветан Петринин: На самиот старт на 2018 година, станавме прва Банка која во Македонија достапна до сите клиенти од сите градови низ земјата и им овозможивме на сите постоечки и нови клиенти да аплицираат и користат кредитни производи без да дојдат во експозитура на Банката.

Овозможивме бесконтактно потпишување на документацијата за кредит. Во моментов работи посебно одделение кое е задолжено за бесконтактна комуникација со клиентите, и секако тековното работење и организација ни помага кон унапредување и модифицирање на постоечкиот процес.

Потребата за ова е наметната веќе во изминатите години, и континуирано е дел од стратегијата на секоја Банка, но истотака треба да бидеме и свесни дека ова е поцес кој бара ресурси (време, пари, технологија, ИТ кадар). Развојот и текот, брзината на самиот процес е условен од потребата и свеста за користење на истите.

Голем број на клиенти сеуште го практикуваат традиционалниот начин на одење во банка за завршување на банкарските активности на шалтер, па така потребата од постоење на експозитура/шалтер/филијала ќе биде присутна сѐ додека тоа претставува навика и потреба на клиентите.

Свесни сме дека трендовите на дигитализација постепено ќе се пресликаат и во начинот на работење и функции на експозитурите.

Банкарство: НБРМ во неколку наврати ја намали референтната каматна стапка на благајнички записи, која во моментов изнесува 2,25%. Кои се вашите очекувања од аспект на движењето на каматните стапки кај кредитите и депозитите во периодот што следи?

Цветан Петринин: Намалувањето на основната камата поттикнато од страна на Народна Банка е показател дека македонската економија има простор за нови инвестиции. Овој позитивен тренд треба да овозможи да се зголемат инвестициите од страна на претприемачите и секако истото да биде поддржано од страна на сите Банки.

Сметаме дека нивото на кое е дефинирана референтната каматна стапка на благајничките записи е најниското можно ниво, и дека истото нема да има позначајни влијанија врз движењето на каматните стапки кај кредитите и депозитите во периодот кој што следи.

Банкарство: Како ја оценувате минатата деловна година за Капитал Банка АД Скопје? Остварени ли се зацртаните цели?

Цветан Петринин: Можеме слободно да кажеме дека 2018 година беше успешна за Капитал Банка.
Изминатата година, работевме посветено на реорганизација и модификација на процесите со цел обезбедување на повисок квалитет на услугите и производите кои ги нудиме.

Се воведе ново модернизирано електронско банкарство за правни лица како и нов банкарски систем кој има за цел да го унапредни нашето работење, да го подобри квалитетот на услугите и производите, а воедно и да обезбеди и квантитет во работењето.

Капитал Банка АД Скопје годината ја заврши со позитивен финансиски резултат од 127 илјади евра. Овој резултат се должи на нето ослободување на исправката на вредноста на финансиските средства што од своја страна е резултат на наплата на кредити на правните лица. Воедно бележиме и позитивни вредности како резултат на остварените капитални добивки од продажба на преземени средства во износ од 100 илјади евра.

Согласно финансиските планови за 2018 година извршивме прераспределба на слободните средства кои носеа ниски каматни приходи и истите ги пласиравме во кредити на останати клиенти.

Постигнавме пораст на редовното портфолио кај физички лица од 963 илјади евра и редовното портфолио на правните лица од 442 илјади евра а воедно и намалување на нефункционалните портфолио кај правните лица за 2.668 илјади евра.

Постигнатиот успех, е секако успех на целиот тим на Капитал Банка и секако е обврска истиот да продолжи и да се зголеми и во иднина.

Банкарство: Што да очекуваме од Капитал Банка во 2019 година?

Цветан Петринин: Капитал Банка АД Скопје своето работење во следната година дена ќе го темели врз основа на реални очекувања. Во насока на остварување на стратегијата и целите поставени за 2019 година, а со цел да придонесеме кон континуирано унапредување на работењето и продолжување на тренд за континуиран раст и развој на Банката ќе се насочиме кон подобрување на квалитетот на кредитното портфолио и вкупната актива преку наплата на нефункционални побарувања. Очекувам дека во 2019 ситуацијата на пазарот да биде слична на изминатата година и дека истото ќе ни создаде услови за генерирање на поинтензивен раст во сегментот население.

Ќе продолжиме и понатаму да инвестираме во подобрување на квалитетот и услугата за клиентитe и да имплементираме нови иновативни решенија за користење на нашите производи и услуги. Очекуваме дека до крајот на оваа година ќе го пуштиме во употреба новото електронско и мобилно банкарство за физички лица.

Континуирано се работи на проширување на мрежата на трговски партнери преку кои Банката ќе овозможи кредитирање дури и во градовите каде што немаме експозитура.

Физичките лица, остануваат во нашиот фокус, нудејќи им квалитетни финансиски решенија кои ќе ги задоволат нивните секојдневни потреби од средства.

Остануваме доследни на нашата поддршка на мали и средни претпријатија. На овој начин ќе придонесеме за зголемување на бројот на работни места, создавање поголеми производствени капацитети и секако креирање на подобро општество во кое живееме и работиме.

Банкарство: Оваа година Банката одбележува 23 години постоење, долгогодишното опстојување е секако резултат и на човечкиот ресурс со кој располагате?

Цветан Петринин: Успехот на една компанија се должи на квалитетот на човечките ресурси кои што таа успева да ги привлече и надоградува, а воедно и да ги задржи. Одличниот систем на транспарентна и отворена комуникација каде секој еден вработен може да се сретне со менаџментот на Банката, одличната координација како и транспарентиот начин на мерење на резултатите и вреднување на истите се секако предуслов за градење на меѓусебната доверба, што придонесува за негување на професионалните односи и одржување на тимскиот дух со кој чекориме успешно низ годините.

Интервјуа

Министерот за финансии, Драган Тевдовски за Гласот на Америка: ММФ ја зголеми проекцијата за Северна Македонија

Објавено

на

Министерот за финансии, Драган Тевдовски за Гласот на Америка (VoA на македонски јазик) реализираше интервју во текот на вчерашниот ден, како дел од Пролетните средби на ММФ и групацијата на Светската банка во Вашингтон.

ММФ и светска банка ги намалија прогнозите за растот на светската економија поради незивесноста што постои, но најважно е што во услови кога кај најголемиот дел од земјите во светот ги намалуваат проекциите за растот, за нашата земја ја зголемија проекцијата од 2,8 на три проценти. Тоа покажува дека земјата се движи во добра насока, дека економијата закрепнува и дека веќе почнува да остварува и подобри стапки на раст.” – истакна министерот Тевдовски.

Целосното интервју погледнете го во продолжение:

Тевдовски посочи и дека сите показатели укажуваат на тоа дека економијата оди напред, односно дека македонската економија е закрепната и дека може да остварува добри стапки на раст.

Продолжи со читање

Интервјуа

Гувернерката, Анита Ангеловска-Бежоска за Гласот на Америка: Денарот е стабилен, очекуваме раст од речиси 4%

Објавено

на

Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска за Гласот на Америка (VoA на македонски јазик) реализираше интервју во текот на вчерашниот ден, како дел од Пролетните средби на ММФ и групацијата на Светската банка во Вашингтон. (more…)

Продолжи со читање

Business Man

Интервју со Јоцо & Богдан, креатори на мобилната апликација “BonusCard”

Објавено

на

Секој од нас, барем еднаш во животот бил револтиран поради фактот дека во секојдневието располагаме со 10-тина картички (за попуст, за собирање на поени, дебитни, кредитни картички, итн) кои ни зафаќаат драгоцен дел од паричниците. (more…)

Продолжи со читање
project

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange