Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Интервјуа

Интервју со Секторот за население на Силк Роуд Банка

Објавено

на

Поразговаравме со вработените во Секторот за население на Силк Роуд Банка АД Скопје за растот во кредитирањето на физичките лица во изминатиот период, како и за проширувањето и надополнувањето на широката палета на производи кои ги нудат на граѓаните.

Особено акцент се стави на глобалниот бренд American Express, за кој Силк Роуд Банка е единствен и екслузивен застапник, како и за соработката со Европскиот инвестиционен фонд за InnovFin програмата за поддршка на малите и средни претпријатија.

Банкарство: Вашиот станбен кредит е еден од најконкурентните на пазарот, почнувајќи со каматна стапка од 2,7% во првите три години. Какви останати поволности нуди овој кредитен производ, кои го прават атрактивен за клиентите?

Силк Роуд Банка: По согледувањата на барањата на нашите клиенти лансиравме станбен кредит со најниските фиксни каматни стапки во земјава од само 2,7% за првите три години, односно 4,7% за четвртта и петтата година од отплатата на кредитот. Дополнително, сите што ќе аплицираат за добивање на кредит ќе можат да го сторат тоа без никакви трошоци за аплицирање,  администрирање или рефинансирање на кредит од друга банка и без трошоци за проценка на имотот што служи како обезбедување на кредитот. Исто така, една од главните придобивки е секако можноста за добивање првично одобрување за само еден ден од поднесувањето на апликацијата.

Kако што е и слоганот на станбениот кредит “сега навистина кредитот повеќе не претставува грижа, единствената грижа ви е да одберете добри соседи”.

Банкарство: Покрај стандардниот потрошувачки кредит, имате и “Еден за се – потрошувачки кредит”. Може ли накратко да ни објасните, што се добиваат клиентите со овој пакет на производи и услуги?

Силк Роуд Банка: Потрошувачкиот кредит „Еден за Се“ е единствен на пазарот кој овозможува рефинансирање на сите кредитни обврски на граѓаните (кредити, кредитни картички). На граѓаните на располагање им се износи до 900.000 денари, односно до 3.000.000 денари за хипотекарниот кредит, со рок на отплата дури до 20 години и фиксна каматната стапка за првите две години (за хипотекарниот кредит) од само 4.90%.

Банкарство: Неодамна го воведовте новиот потрошувачки кредит „Направи пауза“. Кои се предностите на овој потрошувачки кредит, за разлика од стандардните потрошувачки кредити?

Силк Роуд Банка: Да, точно од 01.06.2018 година го воведовме новиот иновативен потрошувачки кредит, едноставно наречен „Направи пауза“ – Буквално како што е и самиот назив, кредитот ви нуди можност за паузирање на 3 (три) месечни рати при неговата отплата. Ова е единствен ваков тип на кредит во земјата кој нуди ваква можност. Реакциите од корисниците се позитивни, односно сега истите имаат можност во месец кој они ќе го одберат да ја прескокнат отплатата од месечната рата. Битно е да се напомене дека каматната стапка е фиксна во текот на целиот период од отплатата на кредитот и изнесува 6%.

Банкарство: Сведоци сме дека во моментов актуелна тема e и наоѓање на алтернативни начини на прожадба на вашите производи и услуги. Кажете ни што преземате на тоа поле?

Силк Роуд Банка: Согласно стратегијата на Банката за посебен осврт кон развојот на алтернативни канали на продажба би сакале да го издвоиме наменскиот потрошувачки кредит преку трговци.  Силк Роуд Банка нуди  единствена можност за наменски потрошувачки кредит со 0% камата до 48 рати и без никакви други дополнителни трошоци за набавка на производи кај определени трговци со кои банката има склучено договор (трговци од различна бранша). Клиентите доколку аплицираат за наменски кредит преку трговците со кои имаме склучено договор за соработка буквално немаат никаков дополнителен трошок за овој тип на кредит, односно имаат можност до 48 месечни рати да го отплаќаат бараниот износ на кредит, исто како прозводот да го купиле во готовина. Листата на трговци преку кои го нудиме овој тип на кредит секојдневно расте и истата може да ја погледнете на нашата веб страна.

Банкарство: Кажете ни нешто повеќе за Американ Експрес картичките за кои сте ексклузивен застапник на територијата на Македонија?

Силк Роуд Банка: Силк Роуд Банка е единствен и екслузивен носител на лиценцата за American Express глобалниот бренд во Македонија. Банката издава три типа на Американ Експрес картички односно American Express Point – дебитна картичка и American Express Green (зелена) и American Express Gold (златна) кредитните картички. Предност на кредитните картички е тоа што даваат можност за бескаматен грејс период до 50 дена и минимална месечна отплата од само 5% од износот на направените трансакции.

Ексклузивноста на Американ Експрес картичките е лојалти програмата, т.н. „Твој бонус“ која нуди можност за поврат на средствата од износот на трансакцијата  и до неверојатни 15% при секое пазарување кај одредени трговци.  Мрежата на трговците кои се вклучени во оваа програма секојдневно расте и за тоа навремено се информираат нашите клиенти преку веб страната и социјалните медиуми.

Во делот на активни кампањи во Твој Бонус програмата би сакале да потенцираме  дека почнувајќи од месец јули во тек е кампањата со Окта, каде со секоја трансакција на бензинските станици со брендот „Окта“ – корисниците добиваат 5% поврат на средствата. Оваа кампања ќе трае се до крајот на месец септември, а понатаму продолжуваме со редовниот поврат на средствата од 2.5%.

Исто така, со септемвриската кампања „Се враќаме во училиште“ на сите наши корисници на Американ Експрес картичките во периодот од 01.09. до 16.09. им нудиме неверојатна можност од 20% поврат на средствата од износот на направената трансакција во книжарниците на Просветно дело.

Секако во наредниот период ќе следуваат и други изненадувања поврзани со Американ Експрес картичките и „Твој бонус“ програмата, па затоа останете да не следите на социјалните медиуми.

На крај, гордо би сакале да потсетиме дека Американ Експрес картичките се прифатени и низ целата мрежа на банкомати на НЛБ Банка низ државава, со цел да им се олесни можноста на клиентите да подигнуваат готовина на најблискиот банкомат. Со ова Американ Експрес картичките се достапни на најголемата мрежа на банкомати во државата.

Банкарство: Во делот на општествената одговорност неодамна стартувавте и со проектот со Клиниката за детски болести во Скопје – „Наша донација со секоја трансакција“. Како се одлучивте за овој проект?

Силк Роуд Банка: Силк Роуд Банка како општествено одговорна банка во месец април склучи меморандум за соработка со Клиниката за детски болести во Скопје. Идејата на овој долгорочен  проект е со секоја трансакција со Американ Експрес картичките, банката донира по 5 денари за потребите на клиниката. Во текот на месец септември се очекува и првата донација на банката, за што соодветно ќе бидете информирани. Се надеваме дека со овој проект, барем малку ќе придонесеме за здравјето на дечињата, односно за подобрување на условите за работа во клиниката.

Банкарство: Вие сте една од двете банки од Македонија кои имаат склучено договор со Европскиот инвестиционен фонд (ЕИФ) за InnovFin програмата. Kажете ни нешто повеќе за тоа?

Силк Роуд Банка: Силк Роуд Банка, со цел да ја зајакне конкурентноста на компаниите во РМ, потпиша договор за соработка со Европскиот Инвестиционен Фонд (ЕИФ) и учество во InnovFin гарантната шема, кој нуди ексклузивна можност за полесен пристап до финансиите за малите и средни претпријатија преку InnovFin гарантната шема. 

Преку InnovFin програмата, овозможуваме континуирана поддршка на развојно ориентирани клиенти и овозможува подобрување на нивната конкурентност. Повеќе информации за оваа програма може да видите на нашата веб страна и секако да посетите некоја од нашите експозитури.

Банкарство: Ви благодариме за интервјуто. Имате ли нешто да додадете како за крај на ова интервју?

Силк Роуд Банка: Ви благодариме на можноста да презентираме барем мал дел од работата на Секторот на население.  Станува збор за тим составен од креативни, мотивирани и искусни вработени,  секогаш со желба за работа и нови предизвици.  Секторот за население опфаќа широк спектар на надлежности од делот на работењето со картички, производи, продажба, маркетинг и мрежата на експозитури.

Интервјуа

Интервју МАРИЈА ТОМЕСКА: Иднината е извесна за Еуролинк, фокус кон атрактивна онлајн понуда!

Објавено

на

Еуролинк осигурување е предводено од желбата за придонес кон економскиот развој на Република Северна Македонија, таа се стреми кон континуиран и долгорочен раст и паралелно градење поинакво осигурување за целосно задоволување на потребите на клиентите. Разговараме со претседателот на УО, г-ѓа Марија Томеска за понатамошните подвизи на Еуролинк осигурување. (more…)

Продолжи со читање

Интервјуа

Јасмина Кузманова: Најголемата придобивка на Винер Лајф се задоволните клиенти

Објавено

на

Групацијата Vienna Insurance Group во 2010 година ја основа осигурителната компанија за животно осигурување Winner Life и со тоа го продолжи успешното работење на македонскиот пазар под брендот Winner. (more…)

Продолжи со читање

Интервјуа

Интервју со Димитар и Антонио од When in Krusevo

Објавено

на

Адреналинскиот настан познат под името When in Krusevo продолжува и оваа година! Третото летно издание на outdoor дружбата ќе се одржи од 21. – 23. јуни 2019, на веќе добро познатата локација на Крушевското езеро.  (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange