Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Интервјуа

ИНТЕРВЈУ со проф. д-р. Драгољуб Арсовски, Претседател на Управен Одбор на ТТК Банка АД Скопје

Објавено

на

На почетокот на тековната 2019 година, се обраќаме до банките во Република Македонија со цел објавување на очекувањата на водечките банкари во нашата земја од аспект на предизвиците со кои ќе се соочат Банките во периодот што следи.

За таа цел во целост ги пренесуваме ставовите и очекувањата на Проф. д-р. Драгољуб Арсовски, Претседател на Управен Одбор на ТТК Банка АД Скопје.

Банкарство: Кои ќе бидат новите трендови во банкарскиот сектор во 2019 година?

Проф. д-р. Драгољуб Арсовски, Претседател на Управен Одбор на ТТК Банка АД Скопје: Потребите на корисниците се менуваат, а дигитализацијата е веќе стандард. Прифаќањето на новите трендови веќе не е избор и стратешка предност, туку реинтерпретација на банкарството и важен предуслов за опстанок.

Основните можности за унапредување на работењето се перцепираат преку технолошките можности за подобра интеракција со корисниците, детален увид во нивните навики, потребите и можностите со адекватно прилагодена понуда на банките, автоматизација и ефикасни деловни процеси.

Генерално трендовите се поттикнати од:

  • се посложените и динамички комуникациски навики на современите корисници и потребата за примена на концептот на омниканал кој вклучува единствена комуникација помеѓу банката и нејзините клиенти преку сите расположливи канали: (личен контакт во банка, банкомати, телебанкинг, интернет банкарство, социјални медиуми и сл). Банката треба да биде присутна секаде каде се активни и нејзините потенцијални клиенти. Информациската поврзаност на каналите и овозможува на банката внимателно следење на активностите на клиентите што овозможува подетално и лично запознавање на потребите и оттука можност за понуда на подобро корисничко искуство што допринесува за јакнење на лојалноста на клиентите;
  • мултиканалниот пристап кој вклучува интернет останува императив, но и понатаму е важна консултацијата лице во лице. Еден од најважните моменти на воспоставување на подобри врски со корисниците е личната комуникација која не мора да биде стварна односно може да се остварува и виртуелно. Преовладувачкиот пристап на корисниците на банкарски услуги кои се служат со онлајн сервиси е дека сакаат сами да ги користат сите современи канали, но кога ќе дојде до проблем истиот сакаат да го решат очи во очи со поддршка на вработен во банката;
  • изборот помеѓу дигиталното банкарство или банкарство преку филијали– електронското банкарство никогаш нема да може да ги замени традиционалните облици на банкарство односно дигиталното работење мора да ги надополнува постојните банкарски методи. Банките мораат да понудат атрактивно и модерно банкарско окружување кое се темели на интерактивност и иновации т.е. овозможува проактивен и брз пристап до разни потребни информации;
  • миграција на банкарските активности надвор од традиционланиот банакарски сектор. Се очекува да продолжи процесот на влез на субјекти кои не се банки во секторот кој пружа основни банкарски услуги и бројот на врските на традиционалните и банкарските институции во сенка да се зголемува;
  • прописите како едни од клучните одредници кои ги обликуваат правилата за игра заедно со значајната промена во технологиите. Централните банки се наоѓаат пред предизвикот на надзор на границите на секторот во областите на кредитирање, нови дигитални валути, деловните модели кои ја користат технологијата на block chain. Регулаторите и прописите мораат радикално да ја променат насоката и да се насочат кон изнаоѓање на нови модели на заштита;
  • Банките мораат многу да вложуваат и одново да го откриваат и потврдуваат своето значење и постоење за да покажат дека нивните понуди се сигурни, целосни, доверливи и квалитетни.

Банкарство: Во последно време се повеќе слушаме за дигитализација во банкарството. Постои ли стратегија за дигитализација во Вашата институција и доколку да кои сегменти се опфатени со истата? Дали имате формиранo посебно одделение или работна група која ќе биде одговорна за спроведување на дигитализација во секојдневното работење?

Проф. д-р. Драгољуб Арсовски, Претседател на Управен Одбор на ТТК Банка АД Скопје: ТТК Банка иднината ја гледа во прилагодување на современите потреби и барања на клиентите на иднината. Едноставноста, квалитетот, брзината и безбедноста се најзначајните одредници за идните активности.

Имајќи го предвид сé посилното влијание на ИТ технологијата во банкарството во правец на постојаната и сé поприсутна web-технологија, поедноставени и брзи услуги достапни од далечина, зголемена употреба на лесни портабилни уреди (мобилни телефони, таблети, лаптопи), 24-часовна достапност на услугите, електронска комерција, заострена конкуренција во понудата и извршувањето на одредени банкарски активности од страна на небанкарски и нефинансиски институции, ТТК Банка и во 2019 година ќе работи на понатамошно развивање и усовршување на информатичката технологија на Банката.

Деловниот банкарски модел на ТТК Банка под влијание на глобалните технолошки трендови, промената на потребите на корисниците проактивно се менува и се унапредува преку иновирање на понудата, дистрибутивните канали, деловните процеси и организациската култура.

Активностите се насочени кон одржување и надградба на информатичката инфраструктура во правец на поддршка на деловните процеси, на реализација на планските цели, поефикасно следење на потребите и брзо и квалитетно опслужување кое ќе може лесно да ги следи обемот на работа, промените во организацијата на работа, иновативните продукти и услуги, а притоа ќе го поддржува остварувањето на профитабилноста на Банката.

Банката веќе понуди кредитен производ ‘’Инстант кредит’’ преку електронско банкарство со целосно автоматизиран процес на анализа и одобрување со исклучително поволни услови и едноставен начин за добивање на производот.

Продолжуваме со проширување на услугите и производите достапни преку електронското и мобилното банкарство „ТТК m-banking“. Промовираме подобрено и ново ниво на искуство за нашите корисници, без временски и просторни ограничувања. Корисниците на ТТК Банка веќе имаат можност за моментален увид во состојбата на сметките, да вршат плаќања со поголема брзина и со пониски трошоци, да орочуваат средства без доаѓање во банка.

Корисниците ја препознаваат предноста и практичноста и на електронските сервиси за информирање (смс и е-маил) сервис кој овозможува најбрзо информирање преку СМС или на е-маил за секоја промена и извршена трансакција што придонесува за поголема сигурност, безбедност и заштита при реализација на трансакции и истовремено до поголемо задоволство.

Банкарство: НБРМ во неколку наврати ја намали референтната каматна стапка на благајнички записи, која во моментов изнесува 2,50%. Кои се вашите очекувања од аспект на движењето на каматните стапки кај кредитите и депозитите во периодот што следи?

Проф. д-р. Драгољуб Арсовски, Претседател на Управен Одбор на ТТК Банка АД Скопје: Каматните стапки веќе некое време се одржуваат на историскиот минимум. Во услови на експанзивна монетарна политика, економските услови и умерено присутни ризици веројатно е одржување на трендот на ниски каматните стапки на приближно исто ниво од претходната година. Понатамошно намалување на каматните стапки е можно, но простор за значајно намалување.

Прецизно согледување на различните фактори кои влијаат на висината на каматните стапки можно е само доколку се знае од што е сочинета каматната маржа како разлика помеѓу активната и пасивната каматна стапка. Каматната стапка на кредитите освен од каматната стапка на изворите на средства зависи и од регулаторните, оперативните, трошоците кои произлегуваат од изложеноста на ризик и цената на капиталот односно очекувана стапка на добивка. Разликата помеѓу активната и пасивната каматна стапка не е само добивка туку сложена структура во која добивката учествува со мал дел.

За корисниците на кредит е секогаш интересно прашањето дали растот на трошокот на изворите на средства би се прелеал на растот на каматните стапки.  Одговорот на прашањето зависи и од постоењето на можностите за намалување на маржата. Во услови на силна конкуренција, економски раст, зголемени таргети за очекувана добивка и кредитен раст, а при постоење на институционален квалитет, фискална консолидација и пониски реглаторни трошоци, би постоел и определен простор каматната маржа да го апсорбира можниот раст на каматните трошоци.

Банкарство: Што да очекуваме од ТТК Банка во 2019 година?

Проф. д-р. Драгољуб Арсовски, Претседател на Управен Одбор на ТТК Банка АД Скопје: Во основата на појдовната стратешка определба на ТТК Банка се принципите на стабилност и профитабилност во работењето.

Активностите на Банката ќе бидат насочени кон зголемување на обемот на кредитирање и депозитно работење со фокус на физичките лица и одржување на оптимален обем на работа со МСП и корпоративните клиенти.

Банката ќе продолжи да ја одржува и унапредува конкурентноста на понудата на производи и услуги преку континуирано прилагодување и подобрување на условите на производите во согласност со потребите на корисниците и пазарните услови.

Понудата на кредитните и депозитните производи ќе се базира на атрактивни, конкурентни и поволни услови.

Со оглед на окружувањето и релативно ниските каматни стапки, контролата на трошоците и фокусот на квалитетни пласмани и понатаму ќе бидат од клучна важност.

Одржувањето на ниска стапка на ненаплатливи кредити како еден од поизразените трендови ќе се остварува и во иднина како резултат на ефикасно дејствување, продажбата на ненаплатливите кредити, подобрата наплата и очекувањата за економска стабилизација. Потпирањето на сопствените извори на финансирање како основа на деловната стратегија претставува поттик запонуда на атрактивни штедни производи за физички лица. Извесна е достапноста на средства и од европските фондови што ќе претставува можност за поголем пристап до атрактивни банкарски производи за компаниите.

Континуираното иновирање и развојот на дигиталното банкарство, подобрувањето на квалитетот на услугата и искуството на корисниците останува императив со фокус на унапредување на продуктивноста и контролата на трошоците.

Во 2019 година Банката ќе продолжи со имплементација на проекти од информатичката технологија во областа на инфраструктурата и системскиот развој, со цел за следење на растот на пазарот, изнаоѓање решенија за нови продукти и услуги и прилагодување на промените во организацијата и регулативата.

2019 година ја започнавме со неколку активни промоции за кредитни производи за физички лица: Visa кредитна картичка со 0% камата и без членарина во првата година, атрактивните потрошувачки кредити со ниска фиксна каматна стапка почнувајќи од 5,5% годишно, хипотекарните кредити со фиксна каматна стапка за првите три години од 4,9% годишно, супер станбениот кредит со фиксна каматна стапка во првите три години од 2,85% годишно со намалени трошоци за одобрување и други поволности.

Интервјуа

Интервју со Димитар и Антонио од When in Krusevo

Објавено

на

Адреналинскиот настан познат под името When in Krusevo продолжува и оваа година! Третото летно издание на outdoor дружбата ќе се одржи од 21. – 23. јуни 2019, на веќе добро познатата локација на Крушевското езеро.  (more…)

Продолжи со читање

Интервјуа

Министерот за финансии, Драган Тевдовски за Гласот на Америка: ММФ ја зголеми проекцијата за Северна Македонија

Објавено

на

Министерот за финансии, Драган Тевдовски за Гласот на Америка (VoA на македонски јазик) реализираше интервју во текот на вчерашниот ден, како дел од Пролетните средби на ММФ и групацијата на Светската банка во Вашингтон.

ММФ и светска банка ги намалија прогнозите за растот на светската економија поради незивесноста што постои, но најважно е што во услови кога кај најголемиот дел од земјите во светот ги намалуваат проекциите за растот, за нашата земја ја зголемија проекцијата од 2,8 на три проценти. Тоа покажува дека земјата се движи во добра насока, дека економијата закрепнува и дека веќе почнува да остварува и подобри стапки на раст.” – истакна министерот Тевдовски.

Целосното интервју погледнете го во продолжение:

Тевдовски посочи и дека сите показатели укажуваат на тоа дека економијата оди напред, односно дека македонската економија е закрепната и дека може да остварува добри стапки на раст.

Продолжи со читање

Интервјуа

Гувернерката, Анита Ангеловска-Бежоска за Гласот на Америка: Денарот е стабилен, очекуваме раст од речиси 4%

Објавено

на

Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска за Гласот на Америка (VoA на македонски јазик) реализираше интервју во текот на вчерашниот ден, како дел од Пролетните средби на ММФ и групацијата на Светската банка во Вашингтон. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange