Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Интервјуа

Интервју со основачите на првата онлајн продавница каде можете да купите на рати

Објавено

на

Иако до неодамна изгледаше невозможно, денес е реалност! Отворена е првата онлајн продавница каде купувачите имаат можност производите да ги купат на рати.

На наше огромно задоволство, разговаравме со Радојка Димитријеска – раководител на оддел за финансии во ФД СН Финансии, Стефан Талевски – извршен директор во Вебиарт и Стефан Јончески – главен оперативен директор во Вебиарт, основачите на првата македонска онлајн продавница во која можете да купувате на рати.

Банкарство: Како произлезе идејата за да се направи еден ваков сајт и што е Купи на рати?

Радојка Димитријеска: Брзото секојдневие кое сите го живееме ни налага сите обврски да ги завршиме на што побрз и поефективен начин. Самото разгледување по продавници како и аплицирањето во банка бара време но е и исцрпувачко, како и немањето доволно финансиски средства за да се купат повеќе работи одеднаш. Токму тоа е целта на Купи на Рати. Олеснување на секојдневието, со пазарување од дома, брзо и лесно. Купи на рати е онлајн платформа која продава производи и услуги на рати.

Банкарство: Што нуди оваа платформа?

Стефан Јончески: Платформата нуди над 1.000 различни производи и услуги како бела техника, компјутери, мобилни телефони, мебел, козметички  и заболекарски услуги, туристички аранжмани, од  различни добавувачи којшто ги пласираат на овој интернет  сајт.

Банкарство: Што е она што платформата Купи на рати ја прави уникатна?

Радојка Димитријеска: Купи на рати е првата онлајн продавница каде што можете да купите производи и услуги на рати. Да ти даде некој кредит – значи да ти даде некој доверба, да верува во тебе. Некои работи во животот се преголем залак за да ги имате наеднаш, затоа раздели па плати.

Банкарство: Дали можете накратко да ни ја објасните постапката за нарачка на сајтот?

Стефан Талевски: Клиентот си го избира производот или услугата која што сака да ја купи на рати, потоа преминува на страната каде што се прикажани месечните рати и ја одбира ратата која што може да ја плаќа во месецот. Откако  ќе се изврши нарачката, нам ни пристига апликација и го контактираме потрошувачот за потрврдување и испорачување на посакуваниот производ до оставената адреса.

Банкарство: Кои се условите за едно лице да може да нарача?

Радојка Димитријеска: Единствен услов за нарачка е клиентот да е во редовен работен однос.

Банкарство: Кои се бенефитите што би ги имале потрошувачите?

Стефан Јончески: Светот оди напред, онлајн продавниците веќе стануваат секојдневие. Со самото тоа што можете да пазарувате од било каде, првиот бенефит е заштеда на времето и на финансиските средства на нашите клиенти, како и брзо и лесно добивање на посакуваните производи. Исто така и се подобрува куповната моќ на потрошувачите. Тоа е и мотото на оваа платформа: Купи си раат, купи си на рати!

Банкарство: Кои се плановите на “Купи на Рати” во иднина?

Стефан Талевски: Како прва онлајн платформа за купување производи и услуги на рати на прво место го ставаме клиентот и неговите потреби. Купи на Рати во иднина цели на подобрување на услугите и односот со клиентите, проширување на спектарот на 10.000 производи, доближување на целиот процес на аплицирање и отплата до сите граѓани, како и проширување на пазарот низ целата територија на државата. Се надеваме и на соработка со повеќе компании и добавувачи кои се заинтересирани да ги пласираат нивните производи на нашата платформа и истите ги охрабруваме да не контактираат.

Интервјуа

Интервју ГАБРИЕЛА МИЛЕНКОВИЌ [Комерцијална банка]: Кредитите за население со конкурентни услови и цени ни носат нови клиенти

Објавено

на

Актуелната кредитна понуда на Комерцијална банка АД Скопје е одлично прифатена од страна на клиентите, што резултураше со значително зголемена побарувачка и кредитна активност, особено за потрошувачките кредити, вели Габриела Миленковиќ, директор на Секторот за работа со население во Комерцијална банка АД Скопје. Таа за Банкарство.мк ја открива тајната на рецептот за моментално најатрактивниот потрошувачки кредит на банкарскиот пазар во земјава.  (more…)

Продолжи со читање

Интервјуа

Тања Димоски: Навиките за штедење се стекнуваат од најмали нозе, а со Детско – Винко можете да обезбедите сигурна иднина за Вашето дете

Објавено

на

Осигурителната компанија Winner Life која е дел од групацијата Vienna Insurance Group на македонскиот пазар нуди широк избор на осигурителни производи што овозможуваат секој клиент да добие животно осигурување што најмногу одговара на неговите потреби. (more…)

Продолжи со читање

Интервјуа

Ана Настевска: Размислувањето однапред и на долг рок, за нашата иднина, СЕКОГАШ е исплатлива опција

Објавено

на

Осигурителната компанија Winner Life која е дел од групацијата Vienna Insurance Group на македонскиот пазар нуди широк избор на осигурителни производи што овозможуваат секој клиент да добие животно осигурување што најмногу одговара на неговите потреби. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange